Прејди на содржината

Распад на Римското Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Распаѓање на Рим)

Западното Римско Царство е името на западната половина на Римското Царство по административната поделба што ја вовел Диоклецијан во 285 година. Овој термин се однесува на западната половина на царството во периодот помеѓу смртта на царот Теодосиј I во 395 година и симнувањето од престолот на западноримскиот цар Ромул Августул во 476 година кое го извел водачот на варварските наемници во Италија, Одоакар. На практика, Римското Царство било едно и единствено и по 286, односно 395 година. По 286 година, со царството управувале неколку владетели најчесто едниот на исток другиот на запад. Теоретски гледано последен владетел на соединетото царство бил Теодосиј I кој во 395 го поделил царството на своите два сина, на постариот Аркадиј му го оставил источниот дел, а на помладиот Хонориј западниот. По ова, царевите на западот владееле прво од Милано, а по 402 година и до Равена. После 407 година, започнало брзо слабеење на Западното Римско Царство насред навалата на варварите кои почнале да се населуваат во внатрешноста на царството и да го делат меѓу себе. Во 455 година власта на западноримскиот цар била само во Италија, а на 4 септември 476 година Ромул Августул бил симнат од власт. Последен цар со титулар бил Јулиј Непот кој умрел во Далмација во 480 година. Во 476, односно 480 година, варварските владетели на Западот како Одоакар и Теодорих ја признале власта на римскиот цар од Цариград, но владееле како независни владетели. Источноримскиот цар Јустинијан I пробал во 6 век да ја обнови римската власт на Западот и неговите војсководци ја зазеле Италија, Африка и средоземното крајбрежје. Меѓутоа овој потфат бил краток иако византиското присуство во Италија се чувствувало сè до 1071 година. Накратко после симнувањето на Ромул Августул од власт римската власт во Западна Европа била сè повеќе фиктивна отколку вистинска, така што 476 година традиционално се смета за почеток на нова историска епоха - средниот век.

Царството по 395 година

Конечна поделба

[уреди | уреди извор]

По краткото владеење на царот Јовијан, офицерите собрани во Никеја го избрале царот Валентијан. Уште за време на церемонијата на крунисување војниците се заканиле со побуна, но Валентијан ги смирил така што им ветил дека ќе именува уште еден владетел покрај него за да избегнат граѓанска војна во случај на негова прерана смрт. Валентијан го исполнил своето ветување така што во Цариград на 28 март истата година го прогласил својот помлад брат Валенс за ковладетел. Нешто подоцна браќата во близина на Наиса, денешен Ниш, го поделиле царството и административниот персонал на два дела, а потоа во Сирмија и мобилните единици. Најзападната територија со која владеел Валенс била Тракија. Валентијан водел долга и успешна битка на реката Рајна со Алеманите, но најпосле умрел во Бригециона во 375 година. Тој бил наследен од својот дезинтегриран наследник, синот од првиот брак Грацијан, но бидејќи тој бил во Трор панонската војска решила да го изнесе неговиот четворомесечен син Валентијан II, син на покојниот цар од вториот брак. Поделбата на војската е спречена и младиот Грацијан владеел во слога со намесниците на младиот Валентијан на кој му биле препуштени Италија, Илирик и Африка. Меѓутоа голем удар за римскиот свет дошол од исток, каде од средината на 4 век готските племиња биле во постојано движење под притисок на номадските Хуни кои пристигнале во краевите северно од Црното Море. Хуните ги покориле разните готски групи како Сармети, Алани и други народи. Готските пратеници на Валенс, кој бил трајно вмешан во војната со Персија побарале да ги прими во царството. Валенс во 376 година дозволил племето Тервинга да го помине Дунав и да се насели во Тракија. Со нив, спротивно од договорот, влегле и Грујтунзи во еден дел од Алана. Тие почнале да излегуваат од контрола, особено кога Готите се побуниле во 377 година и почнале да го ограбуваат Балканот. Валенс тргнал на исток не чекајќи го Грацијан и на 9 август 378 година влегол во отворена битка кај Адријанапол. Исходот од битката бил катастрофален затоа што Готите ја уништиле целата римска војска и го убиле царот. После по овој пораз Грацијан за свој источен колега го именувал искусниот војсководец Теодосиј. За време на Готската војска Теодосиј ги смирил Готите со дипломатски, а не воени средства. По спогодбата на 3 октомври 382 година, Готите се населиле како римски сојузници во Тракија и за возврат морале да им праќаат на Римјаните воени одреди. Новина било тоа што овие сојузници биле населени на територијата на царството кои живееле по своите закони и кои војувале под команда на своите поглавари.

Слабеење на двете царства

[уреди | уреди извор]

Теодосиј Велики ненадејно починал во Милано на 17 јануари 395 година. Неговата смрт се смета за крајна поделба на царството на Западно и Источно. Меѓутоа во теорија царството било неделиво со замислена граница која требала да оди до реката Дрина во Европа и до ’ртот Сирт во Северна Африка. Западно од оваа линија владеел Хонориј, а источно Аркадиј.

Разидувањето на двата царски центри, Милано и Цариград, современиците најдобро го забележале преку соперништвото на тие што навистина ја држеле власта во државата чуварот на Хонориј Стихилон, римски војсководец со вандалско потекло и низа на соработници на Аркадиј. Стихилон, инаку зет на царската фамилија, тврдел дека самиот Теодосиј му ја доверил грижата за двата свои сина, а неговата популарност кај германските одреди го правела опасен противник за цариградските намесници. Меѓутоа по дознавањето на веста за смртта на Теодосиј Готите се побуниле и побарале склопување на нов договор со римските власти. Како римски сојузници Готите имале големи жртви за време на граѓанските војни и сега барале ревизија на договорот. Здружени, потомците на Тервинг и Грејтунг го избрале за свој крал Аларих од фамилијата Балта. Тој во текот на годините спровел соединување Готите. Тој во воени акции со ограбување, палење, се обидувал да ги натера политичарите од Цариград на преговори, но после падот на големиот коморник Еутропија се покажало дека ниеден не сакал всушност да се дискредитира во преговори со Визиготите. Затоа што на неговиот народ му била потребна можност за обработка на земја, тој се решил на соработка со Стихилон.

Недостатокот на волја за соработка со Аларих меѓу соработниците на Аркадиј била последица на краткотрајна доминација на водачот на Готите, Гајне. Неговата надмоќ кај простите граѓани од Цариград пробудила големо непријателство кон Готите и кај варварските војници генерално. Кога Гајне пребегнал и се обидел да се спаси со бегство преку Дунав го заробил и погубил кралот на Хуните, Улдин. Во историските извори тоа било првото спомнување на Хуните северно од Дунав. Изгледа дека од долината Волга токму во ова време започнале да се населуваат во краевите северно од Дунав и во Панонската Низина. Понатамошно движење на Галите предизвикало иста реакција како на случувањата од 375 година само што сега посилно било погодено Западното Римско Царство. Веќе во 405 година, готскиот крал Радагајст ги повел своите луѓе од горен Дунав кон Италија, но во 406 година Стихилон го поразува и погубува кај Фиренца. Цената на оваа победа било повлекување на римската војска од Рајна кои исто така ги притискале племињата во движење - Вандали, Свевии, и други. Стихилон побарал помош од Аларик и му наложил да му помогне на Западното Царство да ги придобие балканските територии. Готите направиле табор во Епир, но римската војска никогаш не стигнала затоа што во меѓувреме се појавиле нови и посериозни проблеми за Стихилон. Алариховите војници, кои веќе година дена мирувале, започнале да се бунат и нивниот крал ги повел од Италија за да може од Стихилон да изнуди решавање на статусот на Визиготите. Директна последица од овие настани било преместувањето на царската резиденција на запад од Милано во посигурната Равена. Од Цариград стигнува вест дека царот Аркдиј умрел и своето место го оставил на Теодосиј II. Стихилон и Хонариј после тоа јавно се спротивставиле околу прашањето кој од нив двајца ќе отпатува во Цариград и ќе ги реши понатамошните проблеми. На крајот непријателите на Стихилон ја пуштиле веста дека тој оди таму само за да го симне малиот Теодосиј и да го стави својот син Еухериј за источноримски цар. Ваквите гласини предизвикале во Павија побуна на војниците во која страдале сојузниците на Стихилон. Самиот Стихиолон е обинет за предавство и бил убиен во Равена на 22 август 408 година. Неговото убиство предизвикало реакција кај сите што биле антиварварски расположени така што биле убиени фамилиите на околу 13000 римски војници. По поминувањето на Алпите готскиот крал го зазел Рим и го натурал сенатот да плати откупнина. Сенаторите побарале од царот да попушти и да направи поволен договор со Аларих. Кралот бил подготвен на компромис и побарал од Готите да се населат на дел којшто е пооддалечен од провинцијата Норик и да го снабдуваат со количина жито кое Хонориј ќе го одреди. Аларих повторно го освоил Рим за да може да го уцени уште повеќе Хонариј. Тој покренува нови преговори, а на место на договорениот состанок тој е нападнат од римски одред. Тогаш Аларих побеснува и ги поведува своите луѓе до капијата на Рим. Следел тридневен грабеж во кој била запалена зградата на сенатот.

Конечниот пад

[уреди | уреди извор]
Царството по 495 година

Новиот западноримски цар бил прогласен на 19 ноември 461 година, Либиј Север најмногу благодарение на Рицимеровата волја. Против ваквиот избор се побунил врховниот заповедник на римската војска во Галија, Егидиј, стар Мајоријанов соборник, а и Лав И одбил да го признае Север. Најпосле и Гејсерих го истакнал својот кандидат за престолот Олибриј. За да го натера Рицимер да го прифати Олибриј и воедно да освои уште некоја територија, Гејсерих редовно го ограбувал крајбрежјето на Италија. За да се одржи на власт, Рицимер морал барем да ја брани Италија, а за тоа му била потребна помош од источноримскиот цар. Во ноември 465 година, Либиј Север е отстранет и почнуваат долготрајни преговори меѓу Рицимер и Лав I. Дури на 12 април 467 година за цар е прогласен источноримскиот војсководец Антемиј, зет на Марцијан и некогашен противкандидат на Лав. Набргу Антемиј стигнува во Италија во придружба од илирски одреди. Рицимер станува негов зет и го испразнува Источното Римско Царство сè со цел да го финансира походот на Вандалите. Во јуни 468 година, флота од 1100 бродови со околу 30 000 војници испловила од Цариград под команда на Василиј. Во исто време Марцелин и неговите одреди од Илирик повторно ја зазеле Сицилија, а потоа и Сардинија. Планот на Василиј најверојатно бил да ја преземе Утика и оттаму да покрене напад на вандалската престолнина Картагина. Римската флота се стигнала до ’ртот Боа, но како и во 461 година кога Гејсерих стапил во акција и пред Василиј да го оствари својот план Вандалите го искористиле ветерот и запалиле неколку бродови кои после тоа ги пратиле кон римската армада. По описот на Прокопиј експедицијата доживеала катастрофа. Василиј се вратил во Цариград и успеал да добие прошка благодарение на својата сестра царицата Верина. Источноримската ризница била потполно исцрпена, а финансиски ја закрепнал царот Анастасиј I во почетокот на 6 век. Неуспехот на римскиот поход на Вандалите 468 година, денес се смета за настан кој конечно ја запечатил судбината на Западното Римско Царство.

Антемиј, сега владеел само со Сицилија и Италија, додека царската власт ја признавала и северна Галија под управа на синот на Егидиј Сијагриј. Некаде околу 460 година, римската власт постепено започнала да се чувствува и во провинцијата Норик помеѓу Алпите и Дунав. Некои пак градови со време пак ја прифаќале власта и заштитата на кралот Руцијаг, но други пак биле постојана мета на напади од страна на Аламан, Херул и Острогот. Антемиј повеќе не бил во состојба да ги брани римските територии северно од Алпите. Братот на Теодориј Еурих ја искористил пропаста на походот кон Африка и веќе во 469 година ја проширил власта на Визиготите сè до реката Лоара на север. Големите градови како Арл и Марсеј сѐ уште биле вон дофат на варварите. До 473 година, Визиготите го зазеле и средоземното крајбрежје. Последниот обид на Антемиј да организира поход на Визиготите заврќил со пораз во 471 година. После тоа Рицимер дефинитивно се свртел против Антемиј, го зазел Рим, и на крајот го погубил на 11 јули 472 година. Бидејќи неговиот штитеник бил во неволја Лав го пратил Олибриј во Италија да се обиде да посредува помеѓу царот и Рицимер. И пред Антемиј да биде официјално отстранет, Олибриј во април 472 година бил прогласен за цар. По ова, Антемиј е симнат од престолот и убиен, но тоа се покажало како последен триумф на Рицимер затоа што моќниот војсководец умрел на 18 август. Олибриј не го надживеал долго бидејќи умрел на 2 ноември истата година. Положбата на Рицимер ја наследил неговиот внук Гундобад, бургундски принц. Неговиот избор паднал на Глицериј кој бил командант. Глицериј бил прогласен за цар, но набргу останал без главната поддршка бидејќи Гундобад набргу ја напуштил Италија за да учествува во борбата за бургундскиот престол. Глицериј не бил прифатен во Цариград и набргу на негово место доаѓа Јулиј Непот, а тој станува епископ на Сплит. Варварските кралства на Западот се зацврстиле и Јулиј Непот морал да му ги признае на Еурих сите освојувања во Галија и Хиспанија. Непот му ги препуштил градовите кои долго време давале отпор на Визиготите во замена за Прованса. Истата година Лав ги признава освојувањата на Гејсерих со што Византија практично се одрекува од понатамошни освојувања на Запад. Во самата Италија Непот не бил многу популарен бидејќи доаѓал од Исток и под притисок на наредникот на војската Орест се враќа во Далмација. После тоа Орест го прогласил својот син Ромул за цар. Ромул имал само 10 години и затоа бил запаметен под деминутивот Августул. Оваа одлука на Орест не била прифатена бидејќи во Цариград сѐ уште се ковале монети со ликот на Непот кој сега владеел само со Далмација. Орест успеал да го симне Непот, но немал пари за да ја исплати војската. Варварските одреди кои стапиле во римска служба после распадот на царството на Атила барале распределба на земјата во Италија. Орест одбил да спроведе населување на варварски намесници во Италија. И затоа дошло до побуна предводена од скирскиот поглавар Одоакар. Тој најпрвин го совладал Орест, а потоа и неговиот брат на 4 септември 476 година.

Младиот Ромул е симнат од престолот и однесен на некој имот во Кампања. Бидејќи ги обезбедил своите војници Одоакар испратил делегација на сенатори кај царот Зенон. Во исто време Зенон примал писмо од полузаборавениот Непот. Римските сенатори сметале дека нема потребна од именување на западен крал и дека ја прифаќаат власта на Зенон. Источноримскиот цар го прифатил нивниот предлог да го прогласи Одоакар за патрициј односно за римски намесник во Италија. Договорот предвидувал дека Непот ќе остане западноримски цар дури и го наговестувал и неговото враќање во Италија. Одоакар сепак бил против таквото решение и Непот пролетта 480 година е наводно отруен по наредба на Одоакар. Со смртта на Непот била завршена и низата на западноримски цареви.