Теодор Тирон
Теодор Тирон | |
---|---|
маченик | |
Роден(а) | непознато, Евхајта (?) или Аласиум, Турција [1] |
Починал(а) | 17 февруари 306Амасија, Турција | ,
Слава | Римокатоличка црква: 9 ноември Православна црква: 17 февруари |
Свети Теодор Тирон - христијански светец и маченик од 4 век.
Животопис
[уреди | уреди извор]Во периодот кога Теодор стапил во војска, во полкот мармаритски, во понтискиот град Амасија, почнало најжестокото гонење на христијаните од царевите Максимијан и Максимин Даја. Во тие прогони, бидејќи не сакал да се откаже од верувањето во Исус Христос и да им принесе жртва на паганските богови, св. Теодор Тирон бил изведен на суд и фрлен во самица, заклучена и запечатена. Во самицата на св. Теодор му се јавил Самиот Господ Христос и го охрабрил Својот маченик, говорејќи му: “Не плаши се, Теодоре, Јас сум со тебе, не земај повеќе земна храна и питие, оти ќе бидеш во другиот свет, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата”. Тогаш се јавиле мноштво ангели во самицата и целата самица се осветлила преблескаво. Стражарите на самицата ги виделе ангелите, во бело облечени, и многу се уплашиле. Потоа св. Теодор бил изведен, тормозен и осуден на смрт, но тој не се уплашил од смртта, туку пеел црковни песни. Св. Tеодор Тирон бил запален на клада, на 17 февруари 306 година.[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 17 февруари. Исто така, во негова чест, првата сабота од велигденските пости, т.е. првата сабота по Прочка се нарекува Тодорова сабота.[2]
-
На неговиот гроб во Венеција.
-
Теодор Тирон
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]
|