Селска ластовичка
Селска ластовичка | |
---|---|
H. rustica | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Ластовици |
Род: | Hirundo |
Вид: | H. rustica |
Научен назив | |
Hirundo rustica Linnaeus, 1758 | |
Гнездење Постојано живеалиште Миграциони територии
| |
Синоними | |
|
Селската ластовичка (науч. Hirundo rustica) — најраспространет вид од семејството ластовици во светот.[2] Тоа се претпознатливи птици од редот на врапчевидните, со сино-црни горни делови, долги заоблени, шпицасти крилја. Ги среќаваме во Европа, вклучувајќи ја и Македонија, Азија, Африка и во Америка.[2] Во англофонска Европа се вика само ластовичка; а во северна Европа е единствениот вид којшто го нарекуваат „ластовичка“ наместо „мартин“.[3]
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]A Barn Swallow song recorded at the Minnesota Valley National Wildlife Refuge | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Има шест подвидови на селската ластовичка, коишто се размножувааат на северната полутопка. Четири од нив се селат и презимуваат поголем дел во јужната полутопка, сè до централна Аргентина, и ЈАР во јужна Африка и северна Австралија.[2] Поради нејзината распространетост селската ластовичка не е загрозен вид, иако може да има опаѓање на популацијата поради специфични закани.
Селската ластовичка е птица која живее во рамнини каде користи конструкции изградни од човекот за да се размножува и затоа се шири заедно со човечката експанзија. Гради гнездо во вид на филџани од топчиња кал во штали или слични објекти и се храни со инсекти коишто ги фаќа во лет.[4] Овој вид живее во симбиоза со луѓето, јаде инсекти, и поради тоа луѓето ги толерираат; оваа прифатеност од страна на луѓето била зацврстена од суеверие. Овој вид често е спомнуван во литературата и во религијата. Селската ластовичка е национална птица на Австрија и Естонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Возрасната машка селска ластовичка од подвидот H. r. rustica е 17–19 см долга вклучувајќи 2–7 см од продолжените надворешни перја на опашката. Има распон на крилја од 32 до 34.5 см и тежи 16–22 g . Има „челично“ сини горни делови и темнокафени чело, брада и врат, коишто се одделени од бело-жолтеникавите долни делови со темно-син дел на градите. Надворешните перја на опашката се издолжени, давајќи ги карактеристичните длабоко чаталести ластовични опашки. Има линија од бели дамки преку надворешниот дел од горниот дел на опашката.[4]
Женката е слична во изглед со мажјакот, но опашните перја ѝ се пократки, синото во горните делови и делот на градите се помалку сјајни, а долните делови ѝ се побледи. Младенчињата се покафени, со побледо кафено лице и бели долни делови. Исто така, му недостигаат опашните перја коишто ги имаат возрасните.[2] Ластовичките летаат многу добро и прават одлични маневри во воздухот. Нозете им се многу мали и недоволно развиени, и одат лошо и ретко.
Песната на селската ластовичка е радосно цвркотење, често завршувајќи со „су-сеер“ со втората нота повисока од првата но со опаѓачки интензитет. Повиците вклучуваат „вит“ или „вит-вит“ и гласно „спли-плинк“ кога е возбудена (или обидувајќи се да избркаат натрапници подалеку од нејзиното гнездо). Повиците за време на страв вклучуваат остро „сифлит“ за натрапници како мачки и „флит-флит“ за птици натрапници.
Комбинацијата на црвено лице и синиот дел на градите ја прават возрасната селска ластовичка лесно претпознатлива и ја издвојуваат од африканските Hirundo видови и од (Hirundo neoxena) со чиј домет се преклопува во Австралија.[2] Во Африка каратките опашести пердуви на младата селска ластовица предизвикуваат заблуда, па може да се помеша со (Hirundo lucida), но втората има потесни гради и побела опашка.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Во однос на таксономијата има многу препирања, но сепак може да се издвојат следните 6 подвидови:
- H. r. rustica
- H. r. transitiva
- H. r. savignii
- H. r. gutturalis
- H. r. tytleri
- H. r. erythrogaster
Поведение
[уреди | уреди извор]Селската ластовица сака да живее на отворена земја, со ниска вегетација, на ниви, ливади, фарми, по можност со вода во близина. Исто така, важно е да има достапни места, како штали, плевни, тераси и сл. каде може да го изгради гнездото, како и отворени делови, жици, кровови, бандери, од каде што ќе може да набљудува.[4]
Исхрана
[уреди | уреди извор]Голем дел од животот селските ластовички го минуваат летајќи, па затоа се хранат речиси целосно само со летечки инсекти, како муви, комарци, пеперутки и сл.
Размножување
[уреди | уреди извор]Мажјакот прв пристигнува на местото на гнездење, го одбира гнездото, а потоа прави кружни летови и пее, на тој начин рекламирајчи се и повикувајќи ја женката кај него. Успешноста за спарување на мажјакот зависи и од должината на чаталите на опашката. Подолгата машка опашка е поатрактивна за женките.[5] Мажјаците со подолги пердуви на опашката генерално и подолго живеат и се поотпорни на болести, што индицира дека имаат генетски предиспозиции за здрави поколенија.[6] Кога ќе се спарат, остануваат да живеат заедно до крајот на животот, но за создавање поколенија може да се спарат и со друга женка. Значи, генетски се полигамни, а социјално моногамни.[7] Мажјаците ги чуваат женките активно за да не бидат нападнати од кукавиците.[8] Мажјаците користат специфични звуци за да спречат обиди за парење од страна на други мажјаци со нивните женки.[9] Двата родитела го заштитуваат гнездото, но мажјаците се поагресивни и потериторијални. Гнездото во облик на шолја обично женките го постилаат со тревки, пердуви и мов [10] или друг мек материјал.[2] Женките лежат 2-7, но почесто 4-5 бели јајца испрскани со црвеникави точки. Јајцата се 20 мм големи, и 1,9 g тешки. Периодот на инкубација вообичаено трае 14-19 дена, и уште 18-23 дена додека младенчињата не се осамостојат. По осамостојувањето остануваат со родителите уште една недела кога родителите уште ги хранат. Ластовичките ги напаѓаат грабливците, како на пример, мачките, кои премногу се приближиле до гнездото, така што ќе летаат многу ниско, блиску до нив.[6] Годишно обично имаат по две легла. Првото гнездо се користи и за второто легло, како и за следните години, со мали поправки. Иако рекордна старост на селска ластовичка е 11 години, тие просечно живеат помалку од 4.
Статус
[уреди | уреди извор]Селската ластовичка има енормно голема распространетост и популација. Распространета е на 5,1 милиони квадратни километри и има 190 милиони единки.[11] Климатските промени може да влијаат на ластовичката со намалување на тежината и бавното растење на пердувите, жешките лета може да ја намалат количината на инсектите за исхрана, но топлите зими, пак, може да придонесат за зголемување на популацијата со побрзо гнездење. Така што, нема опасност за изумирање на селската ластовичка.[12]
Односи со луѓето
[уреди | уреди извор]Селската ластовичка е убава птица која се храни со летечки инсекти кои им пречат на луѓето, па затоа тие ја толерираат и ѝ дозволуваат да ги гради своите гнезда на куќите, шталите, терасите и сл. Освен тоа, бидејќи рано се сели (се враќа од зимување) таа го означува почетокот на пролетта.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Јајца
-
Штотуку испилени
-
Постари пилиња во гнездо
-
Хранење младенче
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Hirundo rustica“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Turner, Angela K; Rose, Chris (1989). Swallows & martins: an identification guide and handbook. Boston: Houghton Mifflin. ISBN 0-395-51174-7. p164–169
- ↑ See Gill, Frank, and Wright, Minturn, Birds of the World: Recommended English Names (Princeton 2006), ISBN 978-0-691-12827-6
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Snow, David (1998). The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) p1061–1064 - ↑ Saino, Nicola; Romano, Maria; Sacchi; Roberto; Ninni, Paola; Galeotti, Paolo; Møller, Anders Pape (2003). „Do male barn swallows (Hirundo rustica) experience a trade-off between the expression of multiple sexual signals?“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 54 (5): 465–471. doi:10.1007/s00265-003-0642-z.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 6,0 6,1 Møller, Anders Pape (1994). Sexual Selection and the Barn Swallow. Oxford: Oxford University Press. стр. 245. ISBN 0-19-854028-0.
- ↑ Møller, Anders Pape; Tegelstrom, Håkan (1997). „Extra-pair paternity and tail ornamentation in the barn swallow“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 41 (5): 353–360. doi:10.1007/s002650050395.
- ↑ Møller, Anders Pape (1985). „Mixed reproductive strategy and mate guarding in a semi-colonial passerine, the swallow Hirundo rustica“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 17 (4): 401–408. doi:10.1007/BF00293220.
- ↑ Møller, Anders Pape (1990). „Deceptive use of alarm calls by male swallows, Hirundo rustica: a new paternity guard“. Behavioral Ecology. 1 (1): 1–6. doi:10.1093/beheco/1.1.1.
- ↑ Duffin, K. (1973). „Barn Swallows use freshwater and marine algae in nest construction“. Wilson Bull. 85: 237–238.
- ↑ Dewey, Tanya; Roth, Chava (2002). „Hirundo rustica“. Animal Diversity Web. University of Michigan Museum of Zoology. Архивирано од изворникот 2007-12-10. Посетено на 2007-11-19.
- ↑ Turner, Angela (2009). „Climate change: a Swallow's eye view“. British Birds. 102 (1): 3–16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Селска ластовичка“ на Ризницата ? |
- „BirdLife International Species factsheet: Hirundo rustica“. BirdLife International. Архивирано од изворникот на 2008-11-24. Посетено на 2007-11-15.
- Audio Recording of Swallows Архивирано на 16 јули 2011 г. High quality audio recording of a group of Swallows.
- Barn Swallow videos, photos & sounds Архивирано на 20 април 2016 г. on the Internet Bird Collection.
- (European Swallow=) Barn Swallow - Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Species account at USGS Patuxent Bird Identification InfoCenter. Includes song clips and sonograms.
- Species account at Cornell Lab of Ornithology. Includes range map for the Americas
- BirdLife species' status map for Europe (pdf).
- Ageing and sexing (PDF; 2.3 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 28 декември 2013 г.
- Barn Swallow Архивирано на 23 јуни 2011 г., Birds of Nova Scotia
- Barn Swallow Архивирано на 6 јули 2011 г., Talk about Wildlife
|