Серхио Гомес (фудбалер 2000)
Серхио Гомес | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Серхио Гомес Мартин[1] | ||
Роден на | 4 септември 2000[2] | ||
Роден во | Бадалона, Шпанија | ||
Држава | Шпанија | ||
Висина | м[2] | 1,71||
Позиција | одбрана, среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Сосиедад | ||
Број | 17 | ||
Младинска кариера | |||
Бадалона | |||
Еспањол | |||
Барселона | |||
Борусија Дортмунд | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2017-2018 | Барселона Б | 2 | (0) |
2018-2019 | Борусија Дортмунд II | 14 | (2) |
2018-2021 | Борусија Дортмунд | 2 | (0) |
2019-2021 | → Уеска | 65 | (1) |
2021-2022 | Андерлехт | 40 | (6) |
2022-2024 | Манчестер Сити | 18 | (0) |
2024- | Реал Сосиедад | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2016 | Шпанија 16 | 3 | (0) |
2016-2017 | Шпанија 17 | 23 | (9) |
2018 | Шпанија 18 | 4 | (2) |
2018-2019 | Шпанија 19 | 15 | (1) |
2019-2023 | Шпанија 21 | 19 | (9) |
2024- | Шпанија (олимп.) | 5 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Серхио Гомес Мартин (роден на 4 септември 2000, во Бадалона) — шпански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Реал Сосиедад.
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Тој е офанзивен бек, опремен со добра индивидуална техника, кој главно делува по левата страна на одбраната. Тој, исто така, може да биде распореден во понапредна позиција, како мецала или како високо офанзивно крило, а бил користен дури и како офанзивен играч од средниот ред. Вешт е во нафрлувањата, има одличен центаршут со што често дава асистенции за своите соиграчи.[3][4]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци и деби во професионалниот фудбал
[уреди | уреди извор]Роден во Бадалона, Каталонија, преку локалниот тим и Еспањол, во 2010 година се приклучил на младинската школа на Барселона, во која играл осум сезони поминувајќи низ целиот процес кој опфаќа различни младински селекции. На 6 јануари 2018 година, тој го направил своето професионално деби, играјќи за Б тимот на Барселона во натпреварот од Сегунда Дивисион против Реал Сарагоса.[5]
На последниот ден од зимскиот трансферен прозорец тој бил купен од Борусија Дортмунд,[6] која првично го додала во својот тим под 19 години, за да дебитира во Бундеслигата на 8 април 2018, во натпреварот добиен со 3-0 против Штутгарт.[7] Играјќи главно за вториот тим во Регионалната лига во поглед на следната сезона, на 11 декември, тој бил повикан за натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Монако, во кој се појавил на теренот во судиското надополнување од второто полувреме.
Уеска
[уреди | уреди извор]На 12 август, тој бил позајмен до крајот на сезоната на Уеска,[8] каде што одиграл позитивна сезона придонесувајќи за промоцијата на клубот во повисок ранг со 36 настапи во Сегунда Дивисион, исто така постигнувајќи го својот прв професионален гол против Понферадина. На 1 септември 2020 година, заемот бил обновен за следна сезона;[9] дваесет дена подоцна тој го направил своето деби во врвната шпанска дивизија, излегувајќи на терен во натпреварот загубен со 2-0 од Кадис. Во втората сезона во Уеска одиграл 29 првенствени натпревари без постигнат гол.
Андерлехт
[уреди | уреди извор]На 30 јуни 2021, Гомес потпишал четиригодишен договор со белгискиот клуб Андерлехт.[10] Дебитирал во белгиското првенство на 25 јули 2021, во поразот на домашен терен од Јунион Сен Жилоаз со 1-3, во кој забележал асистенција за единствениот гол на Андерлехт кој го постигнал Јари Версхарен. Сезоната 2021-2022, ја завршил со 49 настапи и 7 гола.
Манчестер Сити и Реал Сосиедад
[уреди | уреди извор]После одличната сезона во Андерлехт, на 16 август 2022 година, бил официјализиран неговиот трансфер вреден 13 милиони евра во Манчестер Сити, со кој потпишал договор до јуни 2026 година.[11] Своето деби го имал единаесет дена подоцна, влегувајќи како замена за Ерлинг Холанд во победата со 4–2 на домашен терен над Кристал Палас.[12] Во Сити поминал две години, во кои иако играл малку и тоа главно влегувајќи од клупата за резерви, тој освоил голем број на одличја; во првата сезона со клубот ја освоил тројната круна, победувајќи во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а во следната освоиле уште три трофеи, повторно Премиер лигата, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
На 12 јули 2024 година, после две сезони како резерва во Манчестер тој се преселил во Реал Сосиедад за 9 милиони евра, потпишувајќи договор со важност до 30 јуни 2030 година.[13]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Гомес играл речиси за сите шпански младински репрезентации. Во 2017 година со шпанската репрезентација под 17 години го освоил Европското првенство во споменатата категоријата. Истото го повторил две години подоцна со шпанската репрезентација под 19 години, кога во финалето ја победиле Португалија.
На 14 ноември 2019 година, тој го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година, заменувајќи го Феран Торес во 82-рата минута од квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2021 година, победата со 3-0 на домашен терен над Македонија. Две години подоцна, на 8 октомври 2021 година, тој го постигнал својот прв гол за У21 селекцијата, во победата со 3-2 на домашен терен против Словачка, натпревар валиден за квалификациите за Европското првенство 2023 година. Само неколку дена подоцна, на 12 октомври, тој постигнал два гола во победата со 3-0 над Северна Ирска.
На Европското првенство за играчи под 21 година 2023 во Грузија и Романија, Гомес постигнал три гола и бил најдобар стрелец на првенството заедно со соиграчот Абел Руис и украинецот Георги Судаков; првиот гол го постигнал во победата со 3-0 над Романија во групната фаза, потоа погодил против Швајцарија во четвртфиналето за победата со 2-1 и против Украина во победата со 5-1 во полуфиналето. Сепак, Шпанија не успеала да стигне до титулата откако во финалето била поразена од Англија со 1-0.
Следното лето, тој играл за олимписката репрезентација на игрите во Париз 2024, каде постигнал гол во првиот натпревар на Шпанија, победата со 2-1 над Узбекистан.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Шпанија - олимписка репрезентација
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
24-7-2024 | Париз | Узбекистан | 1 – 2 | Шпанија | Олимписки игри 2024 - Прва фаза | 1 | ||
Вкупно | Настапи | 1 | Голови | 1 |
Статистика на кариерата
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 12 јули 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2017-јан. 2018 | Барселона Б | СД | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 2 | 0 |
јан.-јун. 2018 | Борусија Дортмунд | БЛ | 2 | 0 | КГ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 0 | 0 |
2018-2019 | БЛ | 0 | 0 | КГ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 0 | 0 | |
2018-2019 | Борусија Дортмунд II | РЛ | 14 | 2 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 14 | 2 |
2019-2020 | Уеска | СД | 36 | 1 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 1 |
2020-2021 | ПД | 29 | 0 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 0 | |
Вкупно Уеска | 65 | 1 | 3 | 0 | - | - | - | - | 68 | 1 | |||||
2021-2022 | Андерлехт | ПЛ | 34+5[14] | 5+1 | КБ | 6 | 1 | ЛК | 4[15] | 0 | - | - | - | 49 | 7 |
авг. 2022 | ПЛ | 1 | 0 | КБ | - | - | ЛК | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Андерлехт | 35+5 | 5+1 | 6 | 1 | 4 | 0 | - | - | 50 | 7 | |||||
2022-2023 | Манчестер Сити | ПЛ | 12 | 0 | ФАКуп+ЛК | 4+2 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | КШ | - | - | 23 | 0 |
2023-2024 | ПЛ | 6 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | КШ+СУ+Скп | 0+0+1 | 0 | 15 | 0 | |
Вкупно Манчестер Сити | 18 | 0 | 9 | 0 | 10 | 0 | 1 | 0 | 38 | 0 | |||||
2024-2025 | Реал Сосиедад | ПД | - | - | КШ | - | - | ЛЕ | - | - | - | - | - | - | - |
Вкупно во кариерата | 141 | 9 | 18 | 1 | 14 | 0 | 1 | 0 | 174 | 10 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Барселона
[уреди | уреди извор]- 2017-2018
Уеска
[уреди | уреди извор]- Сегунда Дивисион : 1
- 2019-2020
Манчестер Сити
[уреди | уреди извор]- ФА Куп : 1
- Лига на шампиони : 1
- 2022-2023
- Суперкуп на УЕФА : 1
- 2023
- 2023
Репрезенативни
[уреди | уреди извор]- Шпанија под 17 години
- 2017
- Шпанија под 18 години
- Шпанија под 19 години
- 2019
- Шпанија олимписка репрезентација
- Златен медал: 2024
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „FIFA Club World Cup Saudi Arabia 2023™: List of Players: Manchester City FC“ (PDF). FIFA. 6 December 2023. стр. 6. Архивирано (PDF) од изворникот 6 December 2023. Посетено на 10 December 2023.
- ↑ 2,0 2,1 „Sergio Gómez: Overview“. Premier League. Посетено на 25 May 2024.
- ↑ „Sergio Gomez: 2000 – Spagna“. 21 marzo 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „"Sergio Gomez è rinato all'Anderlecht: Ci pensa anche l'Inter"“. 2022-03-23.
- ↑ „El Zaragoza y Barça B no salen a flote en La Romareda“ [Zaragoza and Barça B do not come afloat at the La Romareda] (шпански). Marca. 6 January 2018. Посетено на 8 January 2018.
- ↑ „Borussia Dortmund snap up Barcelona prodigy Sergio Gomez“. Bundesliga. 30 January 2018. Архивирано од изворникот на 2018-07-03. Посетено на 30 January 2018.
- ↑ „Who is Borussia Dortmund's Barcelona-trained starlet Sergio Gomez?“. Bundesliga. Архивирано од изворникот на 2022-09-20. Посетено на 12 August 2019.
- ↑ „SD Huesca leiht Sergio Gómez aus“ [Sergio Gómez joins SD Huesca on loan]. bvb.de (German). Borussia Dortmund. 12 August 2019. Посетено на 12 August 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Sergio Gómez vuelve a la SD Huesca“ (шпански). Посетено на 2021-07-01.
- ↑ „Sergio Gómez joins Anderlecht from Borussia Dortmund“. Посетено на 30 June 2021.
- ↑ „City sign Sergio Gomez from Anderlecht“ (англиски). 16 август 2022.
- ↑ Sutcliffe, Steve (27 August 2022). „Manchester City 4-2 Crystal Palace: Erling Haaland hat-trick seals comeback win“. BBC Sport. Посетено на 27 August 2022.
- ↑ „Sergio Gómez, new txuri urdin player“. Real Sociedad. 12 July 2024.
- ↑ Плејоф.
- ↑ Настапи во квалификациските кола.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Серхио Гомес (фудбалер 2000)“ на Ризницата ? |