Скопско Кале
Скопско Кале | |
---|---|
Скопско Кале | |
Општи податоци | |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Скопско Кале — тврдина сместена на високиот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.
Историја
[уреди | уреди извор]Како највисока точка во градот, калето отсекогаш било ценето од месното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во неолитот и раното бронзено доба, 4.000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во византиско време (VI век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.
ХIX век
[уреди | уреди извор]Во калето според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, живееле 5 мажи муслимани, а тие биле: миримиранинот[1] Али Хафзи-Паша, кој имал 40 години, по потекло од касабата Тетово, а во исто време назначен и како назир[2] на градот Скопје. Потоа тука живеел слугата во арапско потекло по име Мерџан, благородниот мирмиранин Хасан-паша (со потекло исто од Тетово), неговиот син Исмаил, кој имал 3 години и слугата со христијанско потекло[3], Ахмед.[4]
Заштита и обновување
[уреди | уреди извор]Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многупати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963, кружните и квадратните кули на тврдината биле заштитени и обновени.
Тврдината денес
[уреди | уреди извор]Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до Старата скопска чаршија од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.
Археолошки ископувања
[уреди | уреди извор]Археолошките ископувања на Скопско Кале започнале на 14 мај 2007 г. Големиот обем на истражувања (околу 300 ангажирани луѓе) и силно изложената поставеност на местото во самиот центар на Скопје предизвикува голема заинтересираност кај јавноста, туристите и медиумите.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед од воздух на археолошките наоѓалишта
-
Поглед од воздух на тврдината (калето)
-
Поглед од воздух кон старата чаршија
-
Поглед на една од кулите на тврдините
-
Ископини на тврдината
-
Надворешниот бедем на тврдината
-
Снимка од воздух на тврдината во 1990-тите, пред зафатите за реконструкција на дел од ѕидините
-
Поглед на Скопје од ѕидините
-
Ноќно осветлување на Калето
-
Ноќно осветлување на Калето
-
Ноќно осветлување на Калето
-
Скопско кале во зима
-
Црквата-музеј во изградба
-
Кула на калето
-
Долна порта на една од кулите
-
Путир од XII век пронајден на Калето
-
Бардак од XII-XIII век пронајден на Калето
-
Слики од старо Скопје: поглед кон Кале.
-
Поглед кон Камен Мост и Скопско Кале.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Збор од персиската култура кој се користел од страна на Османлиската Империја за човек кој е одговорен за управата на еден санџак.
- ↑ Лице што извршува надзор на една единица.
- ↑ Означен со зборот „рум”.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Скопско Кале на Ризницата ?
- Официјална страница на Археолошките истражувања на Скопско Кале
- 360° Виртуелна прошетка низ Скопско Кале
|
|
|