Прејди на содржината

Танзимат

Од Википедија — слободната енциклопедија

Танзимат (отомански турски: تنظيمات), што значи реорганизација на Отоманското Царство, претставувал период на реформација кој започнал во 1839 година и завршил со Првата уставна ера во 1876 година.

Со наследувањето на престолот, Абдул Меџит I ги наследил и слабостите на империјата. По смртта на неговиот татко пристигнала веста за поразот на Османлиите во Битката кај Незиб од страна на египетските бунтовници на чело со Мухамед Али Паша. Во ноември 1839 година султанот издал указ познат како Ѓулхански хатишериф, а во 1856 година следел и указот познат како Хатихумајун.

Овој период се одликува со различни обиди на османлиските власти за модернизација на земјата со цел земјата да обезбеди територијален интегритет против националните движења кои се појавиле кај немуслиманското население. Реформите ги опфаќале сите етнички групи во империјата со цел нетурското население да се интегрира во османлиското општество.

Танзиматот произлегол од реформистичките султани Махмуд II и Абдул Меџит I заедно со уште неколку европски образовни бирократи. Тие признале дека старите верски и воени институции повеќе не ги задоволувале потребите на империјата во современиот свет. Голем дел од реформите се засновале на успешните европски практики како и под силно влијание на кодексот на Наполеон. Промените вклучувале универзална регрутација, образование, институционални и правни реформи и систематски обиди за елиминирање на корупцијата, обединување на сите различни народи кои живеат во Отоманската имерија, муслимани и немуслимани, Турци и Грци, Ерменци и Евреи итн.[1]. За таа цел исламскиот закон бил ставен настрана во корист на секуларниот закон.[2]

Целта на воведувањето на новите реформи била борбата против бавното опаѓање на империјата кое довело преку намалување на нејзините граници во споредба на европските големи сили. Со ослободувањето на милетскиот систем властите се надевале дека ќе бидат во можност за поголема контрола над нивните граѓани. Освен тоа, властите се плашеле од можната интервенција на европските сили во внатрешните работи на земјата. Внатрешно за да ги зацврсти односите од разните верски народи, империјата прогласила верска слобода за сите граѓани од сите религии.

На 3 ноември 1839 година султанот Абдул Меџит издал органски статут за целата империја наречен Хати шериф (султански едикт) кој бил проследен со серија од едикти на султанот во истата година.

  • гаранција за обезбедување на граѓаните целосна безбедност за нивните животи, чести и имоти
  • воведување на првите банкноти
  • отворање на првите пошти во империјата (1840)
  • реорганизација на системот за финансирање (1840)
  • реорганизација на законите (1840)
  • воспоставување на прототип на османлискиот парламент (1841)
  • реорганизација на армијата и начинот на регрутирање, како и времетраењето на воената служба (1843-1844)
  • донесување на отоманска државна химна и национално знаме (1844)
  • прв национален попис на населението (1844)
  • први национални лични карти (1844)
  • основање на министерство за образование (1847)
  • укинување на ропството и тргвијата со робови (1847)
  • основање на првите модерни универзитети, академии, училишта (1848)
  • основање на министерство за здравство (1850)
  • основање на Академија на науките (1851)
  • основање на првите патнички фериброти (1851)
  • основање на модерна општина Истанбул и Совет на градот (1854)
  • целосна правна безбедност на граѓаните од сите религии (1856)
  • право на немуслиманските народи да служат војска (1856)
  • основање на првата телеграфска мрежа (1847-1855) и железничка мрежа (1856)
  • замена на занаетчиството со отворање на нови фабрики
  • основање на Отоманска централна банка и берза (1856)
  • основање на Факултет за економски и политички науки (1859)
  • основање на Галатасарајскиот лицеј
  1. The Invention of Tradition as Public Image in the Late Ottoman Empire, 1808 to 1908, Selim Deringil, Comparative Studies in Society and History, Vol. 35, No. 1 (Jan., 1993), pp. 3-29
  2. http://faith-matters.org/images/stories/fm-publications/the-tanzimat-final-web.pdf