Прејди на содржината

Тиквичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тиквички)
Тиквичка
Тиквичка во зрел раст на нива во Таор, Македонија
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Cucurbitales
Семејство: Cucurbitaceae
Род: Cucurbita
Вид: Cucurbita pepo
Подвид: C. p. subsp. pepo
Сорта: C. p. subsp. pepo convar. giromontiina

Тиквичкаедногодишно лијанско растение од фамилијата тикви (Cucurbitaceae), чиј плод се користи во човечката исхрана. Тиквичката е одгледуван култивар од тиквата.

Цвет на тиквичка

Постојат разни теории за потеклото на тиквичката – некои тврдат дека потекнува од Азија, конкретно од Индија [1], додека други тврдат дека потекнува од Америка, поконкретно од Мексико и дека во Европа ја донеле шпанските конквистадори. Меѓутоа, оваа теорија не делува веројатно бидејќи тиквичките се споменуваат во Стар Египетстароегипетските записи, а исто така постојат и докази дека ја познавале и антички РимРимјаните[2].

Одгледување

[уреди | уреди извор]

Тиквичката бара многу светлина и топлина. На температуратемператури пониски од 10 °C, растението престанува да расте. Треба доста да се наводнува, а земјата да се одржува влажна, но треба да се води сметка за влажноста затоа што тиквичката е склона на габични заболувања. Земјата на која се сади треба да биде растресита, длабока и по можност песоклива. Стеблото би требало да се потпре со потпорни стапови, бидејќи плодовите се многу тешки, па тежнеат да се спуштат на земја, со што плодот би бил поизложен на растителни болести [3]

Овој зеленчук содржи многу мала количина калории, 17 калории на 100 грама, и како такво се препорачува во диетите за слабеење. Освен тоа, тиквичката е природен диуретик, па во народната медицина се користи за исфрлање на излишната течност од организмот, а се верува дека го снижува холестеролот и ја прочистува крвта.[4], а исто така ја подобрува и концентрацијата [1]. Тиквичката содржи и значајни количини витамин Ц[3].

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Полнети тиквички

  1. 1,0 1,1 Тиквице побољшавају концентрацију
  2. Curso a distancia: Agricultura: Calabacín
  3. 3,0 3,1 „Cultivo de hortalizas: Calabacín“. Архивирано од изворникот на 2017-05-29. Посетено на 2017-12-16.
  4. Базар онлајн. Сезона тиквица и плавог патлиџана

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]