Фаренхајтов степен
Фаренхајтова скала (Fahrenheit) — температурна скала осмислена во 1724 од холандско-германско-полскиот физичар Даниел Габриел Фаренхајт (1686–1736) и го носи неговото име.[1] Степенот на оваа скала се нарекува фаренхајт (со мали букви) и има симбол °F. На оваа скала замрзнувањето водата се дефинира како 32 степени, додека пак вриењето се одвива на 212 степени. Во највеќето земји оваа скала е заменета со Целзиусовата во средината на XX век или нешто подоцна,[2] но сè уште е официјална во САД, Кајманските Острови и Белиз.[3] Ранкиновата температурна скала се темели на Фаренхајтовата, но овде нулата означува апсолутна нула.
Дефиниција и претворање
[уреди | уреди извор]од Фаренхајтов степен | во Фаренхајтов степен | |
---|---|---|
Целзиус | [°C] = [K] − 273,15 | [K] = [°C] + 273,15 |
Фаренхајт | [°F] = [K] × 9⁄5 − 459,67 | [K] = ([°F] + 459,67) × 5⁄9 |
Ранкин | [°R] = [K] × 9⁄5 | [K] = [°R] × 5⁄9 |
На Фаренхајтовата скала, точката на мрзнење на водата е 32 степени (°F), а точката на вриење е 212 °F (при стандарден атмосферски притисок). Ова значи дека точките на вриење и мрзнење се разликуваат за точно 180 степени.[4] Затоа, еден степен на скалата изнесува 1⁄180 од интервалот помеѓу овие две точки. На Целзиусовата скала, оваа разлика изнесува 100 степени. Температурниот интервал од 1 Фаренхајтов степен е еднаков на интервал од 5⁄9 Целзиусови степени. Овеи две скали се сечат во −40 °F (−40 °F и −40 °C), т.е. ја претставуваат истата температура.
Апсолутната нула се дефинира како −273,15 °C или −459,67 °F. Ранкиновата скала е има интервали со иста големина како Фаренхајтовата скала, така што температурната разлика од еден Ранкинов степен (1 °R) е еднаква на разликата од 1 °F, освен тоа што апсолутната нула е 0 °R – исто како што Келвиновата скала се совпаѓа со Целзиусовата (апсолутната нула е 0 K.[4]
Употреба
[уреди | уреди извор]Фаренхајтовата скала била главен температурен стандард во метеорологијата, стопанството и медицината во англофонските земји сè до 1960-тите. Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, Целзиусовата скала (до 1948 позната како „центиград“) ја заменила Фаренхајтовата во голем број земји, во текот на ниванта метрификација.[5]
Фаренхајтот сè уште е сеприсутен во САД, Белиз и териториите Порторико и Американски Девствени Острови за секојдневна намена[3]. Во науката се применува целзиусот и келвинот во сите земји.[6] Во некои држави се наведуваат двете мерки.[7]
Во некои земји фаренхајтот се користи во секојдневието заедно со целзиусот. На пример, Канада по закон ги следи метричките единици како претпочитани, со правни дефиниции за традиционалните канадски единици.[8] Временската прогрноза е во целзиуси, но печките, на пример, по закон работат со фаренхајтови степени.[9] Канадските топломери (аналогни и дигитални) ги имаат обете скали.[10][11][12]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Претворање на Фаренхајтови во Целзиусови степени Архивирано на 6 септември 2010 г. — NOAA (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Robert T. Balmer (2010). Modern Engineering Thermodynamics. Academic Press. стр. 9. ISBN 9780123749963. Посетено на 17 јули 2011.
- ↑ „Metric usage and metrication in other countries“. Архивирано од изворникот на 1999-02-21. Посетено на 11 декември 2009.
- ↑ 3,0 3,1 Belize National Meterotrological Service (17 јули 2011). „Current Conditions“. Посетено на 17 јули 2011.
- ↑ 4,0 4,1 Walt Boyes (2009). Instrumentation Reference Book. Butterworth-Heinemann. стр. 273–274. ISBN 9780750683081. Посетено на 17 јули 2011.
- ↑ Валутата и мерките во Нов Зеланд (англиски)
- ↑ „782 - Aerodrome reports and forecasts: A user's handbook to the codes“. World Meteorological Organization. Посетено на 23 септември 2009.
- ↑ Cayman Islands government weather service,
- ↑ „Canadian Units of Measurement; Department of Justice, Weights and Measures Act (R.S.C., 1985, c. W-6)“. 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 5 јуни 2011.
- ↑ Pearlstein, Steven (4 јуни 2000). „Did Canada go metric? Yes - and no“. The Seattle Times. Архивирано од изворникот на 2011-10-25. Посетено на 5 јуни 2011.
- ↑ „Example of analogue thermometer frequently used in Canada“. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 6 јуни 2011.
- ↑ „Example of digital thermometer frequently used in Canada“. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 6 јуни 2011.
- ↑ Department of Justice (26 февруари 2009). „Canadian Weights and Measures Act“. Federal Government of Canada. Архивирано од изворникот на 2011-08-10. Посетено на 17 јули 2011.
|