Прејди на содржината

Француски Протекторат Тунис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француски Протекторат Тунис
Protectorat français de Tunisie
الحماية الفرنسية في تونس
1881–1956
Flag of Тунис
Flag
Химна: 
La Marseillaise
СтатусПротекторат
Главен градТунис
Говорени јазицифеанцуски, арапски
Вероисповед
христијанство
ислам
јудаизам
УредувањеУставна монархија
Историја 
12 мај 1881
1942–1943
20 март 1956
Површина
1881.155.000 km2 (60,000 sq mi)
1939.155.000 km2 (60,000 sq mi)
Население
• 1939.
2.600.000
Претходници
Наследници
Туниски бејлик
Кралство Тунис

Француски Протекторат Тунис (француски: Protectorat français de Tunisie, арапски: الحماية الفرنسية في تونس) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Северна Африка во периодот од 1881 до 1956 година. Земјата се наоѓала на територијата на денешеш Тунис.

Како посебна провинција била основана по започнувањето на распадот на Отоманското Царство. Во 1877 година Русија објавила војна на Отоманското Царство и по руската победа започнало прогласување на независност на неколку балкански земји и започнување на нови меѓународни разговори за иднината на провинциите во Северна Африка. Берлинскиот конгрес од 1878 година се свикал за решавање на отоманското прашање. Велика Британија, иако се спротивставила на целосно уништување на Отоманското Царство, й понудила на Франција контрола врз Тунис, а за возврат таа би го добила Кипар. Германија се согласила да дозволи француско владеење во Тунис. Италија, која имала економски интереси во Тунис, остро се спротивставила на планот, но не можела да ја наметне својата волја.

Француското присуство во Тунис дошло пет децении по окупацијата на соседниот Алжир, време кога Французите сè уште биле неискусни и не знаеле како ќе се развије колонијата. Пред пристигнувањето на Французите, Тунис започнал процес на современи реформи, но финансиски проблеми повторно биле најголем проблем. По нивната окупација, француската влада ги презела меѓународните обврски на Тунис. Французите започнале подобрувања во неколку области, вклучувајќи ги транспортот и инфраструктурата, индустријата, финансискиот систем, јавното здравство и администрацијата. Сепак, францускиот бизнис и нејзините граѓани биле фаворизирани. Нивното постоечко национално чувство било изразено преку печатот и основање на движење за независност пред Првата светска војна. Крајна цел била постигната во 1956 година.