Црква „Св. Архангел Михаил Главатов“ - Штип
Изглед
Свети Архангел Михаил Главатов
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Штипска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°44′16.9″N 22°11′28.5″E / 41.738028° СГШ; 22.191250° ИГД |
Место | Штип |
Општина | Штип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Михаил |
Завршено | XIV век |
Архитектонски опис |
Св. Архангел Михаил Главатов — средновековна црква во градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Црквата е сместена во маалото Стар Конак во центарот на градот. Денес е во дворот на Музичкото училиште. Се споменува во 1378 г. кога браќата властелини Константин и Јован Дејанови му ја подариле на светогорскиот манастир „Св. Пантелејмон“.[2] Подоцна храмот е преправан.[2] Во апсидата има зачувани фрагменти од изворниот фрескопис.[2] Иконите се од XIX век.
Во 1981 г. е извршена санација на црквата.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1316. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ „Брегалничка епархија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 10 април 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Архангел Михаил Главатов“ - Штип на Ризницата ?