Црква „Св. Михаил“ - Москополе
Црква „Св. Михаил“ - Москополе | |
---|---|
Локално име албански: Kisha e Shën Mëhillit | |
Местоположба | Москополе |
Координати | 40°37′45″N 20°35′14″E / 40.62904° СГШ; 20.58724° ИГД |
Изграден | 1722 |
Прогласено: | 1948 |
Црквата „Св. Михаил“ (албански: Kisha e Shën Mëhillit или Kisha Kryeengjëjt Mihail dhe Gavriil,[1] позната и како Црква на Архангелите Михаил и Гаврил)[2] — православна црква во Москополе, денешна Југоисточна Албанија.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната во 1722 година и е една од петте преостанати цркви од некогаш богатото влашко Москополе.[3]
За време на забраната на верата во Албанија, во 1948 година, таа е претворена во споменик на културата на државата.[4] Во 1996 година црквата била цел на вандализам од страна на муслимански фанатици при што 23 слики на светци биле тешко оштетени.[5]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е тип базилика со главен кораб и два странични кораби. Димензиите се 33 м x 15 м x 9 м. Постојат два главни столба. Две линии на столбови го делат средишниот кораб од двата странични кораби и сите три кораби имаат иста висина како наосот. Столбовите се поврзани еден со друг во двете насоки. Секој од трите кораби има купола, а секоја од трите куполи е различна. На источната страна апсидата е надвор од куполата и ја покриваат некои столбови. Припратата е на западната страна, а нејзината градба е слична на преостанатиот дел од наосот. Нартексот има камени столбови со сводови и куполи. Клоистарот е отсутен бидејќи е уништен, но се уште има траги од изворниот.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Orthodox Autocephalous Church of Albania“.
- ↑ „Orthodox Autocephalous Church of Albania“.
- ↑ Mikropoulos, Tassos A. (2008). Elevating and Safeguarding Culture Using Tools of the Information Society: Dusty traces of the Muslim culture. Earthlab. стр. 316. ISBN 978-960-233-187-3.
- ↑ „Religious buildings with the "Culture Monument" status“. Republic of Albania National Committee for Cult. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на October 28, 2010.
- ↑ Robert Elsie. Max Demeter Peyfuss: Die Druckerei von Moschopolis, 1731-1769. Buchdruck, p. 1
- ↑ „Map - IMK WebGIS“. imk.gov.al. IMK. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на October 13, 2016.