Прејди на содржината

Цукемоно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асортиман на цукемона.
Избрани цукемона.
Јадење цукемоно.
Продавница за цукемоно во Нишики Ичиба, Кјото.

Цукемоно (漬物, буквално „скиселени нешта“) ― јапонски конзервирани зеленчуци (обично скиселени во сол, саламура,[1] ставени во оризови трици).[2] Тие се послужувани со ориз како оказу (споредно јадење), со пијалоци како оцумами (мезе), како придружно или украсен додаток за оброците, и како главно јадење во порцијата кајсеки на јапонската чајна церемонија

Алтернативни имиња

[уреди | уреди извор]

Цукемоната се нарекуваат и кономоно (香の物), ошинко (御新香) или ококо (御香々), сите го носат значењето на „миризливо јадење“ на јапонски.[2] Делот ко (香) во овие имиња буквално значи „миризлив“, а терминот бил користен како нјобо котоба или „женски збор“ за мисо во однос на мирисот. Со текот на времето, овој поим бил применуван и на кисели краставички, повторно заради мирисот. Ошинко (буквално „нов мирис“ во однос на релативната свежина) поконкретно се однесувал на зеленчук што бил само малку кисел и кој сè уште не ја сменил бојата толку многу. Поимот сега се користи и пошироко за да се однесува на кисели краставички воглавно.

Правење на цукемоно

[уреди | уреди извор]
Цукемоно ферментирајќи во оризови трици.

За да се направи цукемоно, потребен е сад, сол и нешто за да се изврши надолен притисок врз киселите краставички.[2]

Цукемоноки (漬物器; буквално „сад за киселење“) е јапонска преса за кисели краставички. Притисокот е создаден од тешки камења наречени цукемоно иши (漬物石; буквално „камен за киселење“) со тежина од еден до два килограми, понекогаш и повеќе. Овој тип преса за кисели краставички сè уште се користи и може да се направи од различни материјали, како што се пластика, дрво, стакло или керамика. Пред каменотт да стапи во употреба, притисокот бил вршен со ставање на клин помеѓу рачката на садот и неговиот капак.[2]

Теговите се или камени или метални, со рачка одозгора и често покриени со слој од неутрална пластика за храна. Друг современ тип на преса за кисели краставички обично е направен од пластика, а потребниот притисок се создава со вртење завртка и стегање надолу врз киселите краставички.[2]

Азазуке е метод на киселење што се одликува со кратко време за подготовка.

Видови на цукемоно[1]
Вид Канџи Состојка за киселување
Шиозуке 塩漬け сол
Сузуке 酢漬け оцет
Амасузуке 甘酢漬け шеќер и оцет
Мисозуке 味噌漬け мисо
Шојузуке 醤油漬け соин сос
Касузуке 粕漬け саке касу (саке од квасен талог)
Коџизуке 麹漬け мувлосан ориз
Нуказуке 糠漬け оризови трици
Карашизуке からし漬け лут сенф
Сатозуке 砂糖漬け шеќер
  1. 1,0 1,1 Reid, Libby (август 2008). TSUKEMONO: A Look at Japanese Pickling Techniques (PDF). Kanagawa International Foundation. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 ноември 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Hisamatsu, Ikuko (2013). Tsukemono Japanese Pickling Recipes. Јапонија: Japan Publications Trading Co., LTD. and Boutique-sha, Inc. стр. 6. ISBN 978-4-88996-181-2.

 

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]