Честево
Честево Честово | |
Остатоци од куќи во некогашното село Честево | |
Координати 41°17′39″N 22°34′23″E / 41.29417° СГШ; 22.57306° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04022 |
Надм. вис. | 140 м |
Честево на општинската карта Атарот на Честево во рамките на општината | |
Честево на Ризницата |
Честево или Честово — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Денес, на местото на некогашното село одвај и да се видливи остатоци од некои од куќите во селото.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, јужно од градот Валандово, оддалечено од него на околу 2 километри. Се наоѓало на левиот брег на Анска Река, сместено на надморска височина од 140 метри.[2]
До некогашното село води земјен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1105.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на отоманскиот период селото било познато под името Тестово.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мал и зафаќа површина од само 2,2 км2.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 90 домаќинства со 263 жители, од кои 26 муслимани и 237 христијани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Честево живееле 309 жители, од кои 230 Македонци христијани, 65 Турци и 14 Роми.[4] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Честево имало 23 Роми,[5] што значи дека македонското население, кое било огромно мнозинство, го напуштило селото во текот на претходните пет години.
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Чештово (Чещово) живееле 60 Роми муслимани.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[7]
Честево било наполно напуштено во 1961 г. кога последните 12 жители (сите Турци) заминале во Турција,[2] но денес го задржало статусот на село.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 309 | 23 | 48 | 55 | 12 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Честево било мешано македонско-турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Честево се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава и Раброво. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната градска општина Валандово, во која влегувале градот Валандово и селата Дедели, Раброво и Честово.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0283 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на културниот центар „25 Мај“ на град Валандово.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 581 гласач.[13]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 318.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 100-101.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|