Прејди на содржината

Авторско право

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Авторски права)

Оваа статија се занимава со Авторското право и неговата материја според уставот и законите во Република Македонија. За авторското право во другите земји погледнете ги другите јазични верзии на Википедија.

Симбол за заштита на Авторско право

Опфатност на Авторското право во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија со закон се уредува правото на авторите над нивните дела од областа на книжевноста, науката и уметноста, и правата на изведувачите во било која сфера.

Определување на поими каде што Авторското право има надлежност

[уреди | уреди извор]

Значи достапност на авторско дело, под еднакви услови, на неодреден број лица надвор од вообичаениот круг на семејството или личните познаници;

Објавување

[уреди | уреди извор]

Значи дека авторското дело станало достапно на јавноста, независно од начинот и формата на која тоа е направено;

Репродукција

[уреди | уреди извор]

Значи изработка на примерок од авторско дело, фиксирано на материјална подлога, независно од видот на подлогата на примерокот, бројот на примероците и постапката;

Дистрибуција

[уреди | уреди извор]

Значи оригиналот или примерокот на авторското дело да се пушти во промет или да се понуди на јавноста заради продажба или друг вид пренос на сопственичко право, како и увоз на оригинал или примерок за натамошен промет;

Издавање

[уреди | уреди извор]

Значи репродукција на авторско дело во доволен број примероци и нивна дистрибуција;

Изнајмување

[уреди | уреди извор]

Значи оригиналот или примерокот на авторското дело да се даде на користење на определено време[1][2][3][4][5], заради непосредна или посредна економска корист;

Јавно изведување

[уреди | уреди извор]

Значи објавување во живо или преку технички средства на книжевно или музичко дело, како и објавување во живо на сценско дело;

Јавно пренесување

[уреди | уреди извор]

Значи изведба на книжевно, музичко или сценско дело да се објавува надвор од просторот или местото на изведувањето, независно од средството, начинот и постапката на пренесувањето (звучник, екран и слично);

Јавно прикажување

[уреди | уреди извор]

Значи преку технички средства да се објави кинематографско или друго аудиовизуелно дело или дело од областа на фотографијата, ликовната уметност, архитектурата, урбанизмот, применетата уметност, дизајнот, картографијата, како и дела од научна и техничка природа;

Јавно изложување

[уреди | уреди извор]

Значи објавување на оригинал или примерок на дело од ликовната уметност, на фотографско дело или на дело создадено во постапка слична на фотографската;

Радиодифузно емитување

[уреди | уреди извор]

Значи објавување на авторско дело преку радио и телевизиски програмски сигнали безжично, вклучувајќи сателит во кодирани или некодирани форми или жично, вклучувајќи кабловски или микробранов систем. Како радиодифузно емитување се смета и емитувањето преку телевизиски програмски сигнали по поединечно барање (он деманд);

Радиодифузно реемитување

[уреди | уреди извор]

Значи истовремено, во целина и непроменето објавување на радиодифузно емитувано дело, доколку го врши друга радио и телевизиска организација или доколку се работи за пренос по кабловски или микробранов систем, а се однесува на повеќе од сто кабловски приклучоци или доколку делото почетно се емитува од друга држава (кабловско реемитување) и

Преработување

[уреди | уреди извор]

Значи изворното авторско дело да се преведува, обработува, приспособува, аранжира или на друг начин да се преработи.

Авторско дело

[уреди | уреди извор]

Авторско дело е поединечна и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување, доколку со закон не е поинаку определено.

За авторско дело се смета особено:

- пишано дело, како, книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура, научен труд, расправа и слично,

- компјутерска програма, како книжевно дело,

- говорно дело, како, говор, беседа, предавање и слично,

- музичко дело, со или без текст,

- драмско, драмско-музичко и куклено дело,

- кореографско и пантомимичарско дело, фиксирано на материјална подлога,

- фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската,

- кинематографско и друго аудиовизуелно дело,

- ликовно дело, како, слика, графика, скулптура и слично,

- архитектонско дело,

- дело од применетата уметност и дизајнот и

- картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата, топографијата, архитектурата или друга научна, образовна, техничка или уметничка природа.

Како авторско дело не се смета идеја, концепција, откритие како ни законодавен текст од извршната, законодавната или судската област, или пак нивен превод.

Со преработката на авторско дело не е дозволено да бидат засегнати правата на авторот на изворното дело.

Автор, во смисла на законот, е физичко лице кое создало авторско дело.

За автор се смета лице чие име, псевдоним или ознака на вообичаен начин е означено на делото или е наведено при неговото објавување, додека не се докаже спротивното.

Во случај кога авторот не е познат, авторското право на објавено дело го остварува оној којшто го објавил делото.

Морални права

[уреди | уреди извор]

Моралните права го штитат авторот по однос на неговата поединечна и интелектуална врска со делото.

Авторот има исклучиво морално право:

- да одлучи дали, кога и како ќе биде првпат објавено неговото дело;

- на признавање на авторството на своето дело;

- да одлучи дали при објавувањето на делото ќе се наведе неговото авторство и со каква ознака;

- да бара при секое користење на делото на вообичаен начин да биде наведено неговото име, псевдоним или друга ознака;

- на сочувување на целината на делото и да се спротивстави на секакво деформирање, сакатење или менување на неговото дело, односно да се спротивстави на секое користење на делото што може да и наштети на неговата личност, чест и углед;

- да го измени делото, доколку со тоа не се нарушуваат правата стекнати од други лица и

- да го откаже правото на носителот на негово материјално право, согласно со закон.

Траење на Авторското право

[уреди | уреди извор]
  • Авторското право трае за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт.
  • Авторското право на анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по законското објавување на делото.
  • Доколку псевдонимот не доведува до забуна за тоа кој е автор или доколку авторот, во рокот наведен во став 1 на овој член, го открие својот идентитет, се применува рокот од член 44 на овој закон.
  • Авторското право на аудиовизуелни и колективни дела трае 70 години по законското објавување на делото.

Слободно користење

[уреди | уреди извор]

Во слободно користење е авторско дело заради стекнување информации од општо значење заради целите на наставата, за приватно или друго сопствено репродуцирање или цитирање.

Лицето или колективот чии авторски права се прекршени, според законот на Република Македонија за Авторско право Лице,може да побара заштита на правата и надомест на штета, доколку со закон не е поинаку определено.

Определување на кршење на авторско право

[уреди | уреди извор]

Се смета дека некое лице ги крши исклучивите права, според овој закон, кога произведува, увезува, поседува за комерцијални цели, дистрибуира, изнајмува или на друг начин користи какви било средства:

- чија единствена или претежна намена е неовластено отстранување или оштетување техничка опрема или компјутерска програма, што се користи како законска заштита од неовластено користење

- што овозможува или помага, кога за тоа нема овластување, јавноста да прима кодирани радио или телевизиски програмски сигнали.

Законска заштита

[уреди | уреди извор]

Доколку носителот на правото пријави дека дошло до повреда на неговото исклучиво право според законот, судот, на негов предлог, може да определи привремени мерки заради обезбедување непарични побарувања според законот, а особено:

- да се запленат, исклучат од промет и сочуваат примероци, средства, опрема и документи во врска со нив,

- да се забранат дејствија на евентуални повреди или нивно продолжување и

- да се донесат други слични мерки.

Доколку постои основано сомнение дека заштитата од став 1 на член 162 од законот за Авторски правоа, подоцна не може да се оствари, судот може да ги изрече и да ги изврши мерките од истиот став, без претходно известување и сослушување на спротивната страна.

Постапката за привремени мерки е итна.

За постапката за донесување на привремени мерки се применуваат прописите за извршната постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Казнени одредби за кршење на авторски права

[уреди | уреди извор]

Според законот за Авторски права, секој прекршител на одредбите кои се дефинирани во овој закон може да биде казнет со парична казна, но не и затворска.

  1. „Definition of copyright“. Oxford Dictionaries. Архивирано од изворникот на 29 September 2016. Посетено на 20 December 2018.
  2. „Definition of Copyright“. Merriam-Webster (англиски). Посетено на 20 December 2018.
  3. Nimmer on Copyright, vol. 2, § 8.01.
  4. "Intellectual property", Black's Law Dictionary, 10th ed. (2014).
  5. „Understanding Copyright and Related Rights“ (PDF). World Intellectual Property Organization. стр. 4. Посетено на 6 December 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]