1267
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1267 MCCLXVII |
Ab urbe condita | 2020 |
Ерменски календар | 716 ԹՎ ՉԺԶ |
Асирски календар | 6017 |
Балиски календар | 1188–1189 |
Бенгалски календар | 674 |
Берберски календар | 2217 |
Будистички календар | 1811 |
Бурмански календар | 629 |
Византиски календар | 6775–6776 |
Кинески календар | 丙寅年 (огн. тигар) 3963 или 3903 — до — 丁卯年 (огн. зајак) 3964 или 3904 |
Коптски календар | 983–984 |
Етиопски календар | 1259–1260 |
Еврејски календар | 5027–5028 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1323–1324 |
- Сачка ера | 1188–1189 |
- Кали-југа | 4367–4368 |
Холоценски календар | 11267 |
Игбоански календар | 267–268 |
Ирански календар | 645–646 |
Исламски календар | 665–666 |
Јапонски календар | Бунеј 4 (文永4年) |
Јавански календар | 1177–1178 |
Јулијански календар | 1267 MCCLXVII |
Корејски календар | 3600 |
Мингуо-календар | 645 пред Р. Кина 民前645年 |
Нанакшахи | −201 |
Тајландски сончев календар | 1809–1810 |
Тибетски календар | 阳火虎年 (машки оган-тигар) 1393 или 1012 или 240 — до — 阴火兔年 (женски оган-зајак) 1394 или 1013 или 241 |
1267 (MCCLXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1267 година од новата ера, 267. од вториот милениум, 67. од XIII век и осма од 1260-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6775 и 6776 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6017 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5027 и 5028 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2020.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1267 година се протега во 3903 и 3904, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3963 и 3964 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1810. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 665 и 666 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]По тема
[уреди | уреди извор]Војна и политика
[уреди | уреди извор]- 16 февруари - Кралот Афонсо III Португалски и кралот Алфонсо Х Кастилски ја потпишуваат Конвенцијата од Бадахос, одредувајќи ја границата помеѓу Кралство Португалија и Кралство Леон, обезбедувајќи португалски суверенитет над Алгарве.
- 27 мај - Договор од Витербо: царотБолдвин II го подарува Ахајското Кнежевство на кралот Карло I Сицилиски, со надеж дека тој може да му помогне да го обнови своето Латинско Царство.
- Крај на Втора баронска војна. Бунтовниците и кралот Хенри III се согласуваат со условите за мир, како што е наведено во Едиктот од Кенилворт.
- Договор од Монтгомери: Кралот Хенри III ја признава титулата на Принц од Велс на Ливелин ап Грифид.
- Основан е градот Острава.
Култура
[уреди | уреди извор]- Роџер Бејкон го комплетира своето дело Opus Majus и го испраќа до Папа Климент IV. Делото содржи широка дискусија за математика, оптика, алхемија, астрономија, астрологија и други теми и вклучува прв опис на лупата.
- Раководството во Виена ги принудува Евреите да носат Pileum cornutum, конусен фустан, и Жолта ѕвезда.
- Во Англија е донесен т.н. Статут од Марлборо, најстариот англиски закон кој уште (делумно) е во сила.
По место
[уреди | уреди извор]Азија и Африка
[уреди | уреди извор]- Шпанија се обидува да изврши инвазија на Мароко, но Маринидите успешно се одбрануваат против инвазијата и ги протеруваат шпанските сили.
Родени
[уреди | уреди извор]- 3 февруари - Ричард ФитцАлан (п. 1302)
- 10 август - Крал Јаков II, крал на Арагон (п. 1327)
- 17 декември - Го-Уда, цар на Јапонија (п. 1324)
- Џото ди Бондоне, италијански уметник (п. 1337)
- Роже де Флор, сицилијански воен авантурист
Починале
[уреди | уреди извор]- 21 февруари - Болдвин од Ибелин
- 3 март или 4 март - Ларс, архиепископ на Шведска
- 17 март - Пјер де Монтреј, француски архитект (р. 1200)
- 23 септември - Беатриса Прованска, (р. 1234)
- 26 ноември - Силвестер Гозолини, италијански основач на Силвестрини (р. 1177)
- Ноември / декември - Хју II Кипарски, крал на Кипар и регент на Кралство Ерусалим. (р. 1253)