Corynebacterium diphtheriae
Corynebacterium diphtheriae | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Bacteria |
Колено: | Actinobacteria |
Ред: | Actinomycetales |
Семејство: | Corynebacteriaceae |
Род: | Corynebacterium |
Вид: | C. diphtheriae |
Научен назив | |
Corynebacterium diphtheriae |
Corynebacterium diphtheriae претставува Грам позитивна патогена бактерија, без спори, флагели и капсула. Растат на збогатени подлоги (Лоферова подлога.
Во однос на бојата разликуваме три типа:
- Тип Гравис-сиви колони;
- Тип Митис-црни колони со остри рабови;
- Тип Интермедиус-комбинација од двете.
Оваа бактерија е осетлива на пеницилин,а е отпорна на надворешната средина. Предизвикува болест наречена Дифтерија.
Патогенеза
[уреди | уреди извор]Влезна врата претставува слузницата на горните дишни патишта и тонзилите, тука го излачуваат својот егзотоксинх кој по лимфен пат се пренесува низ целиот организам со посебен афинитет кон миокардот, нервните влакна и паренхимните органи. Локалното дејство е најчесто на тонзилите со хиперемија и еден, оштетување на крвните садови со ослободување на леукоцити, еритроцити и фиброзен ексудат од кој се формираат дебели белузливи налепи (псевдомембрани) кои се сраснати за подлогата и при корнење(откинување) крвараат. Регионалните лимфни јазли се отечени и болни, а под дејство на егзотоксинот доаѓа до масна дегенерација на паренхимните органи.
Видови дифтерија
[уреди | уреди извор]Дифтеријата може да се јави на:
- на тонзилите;
- на нос;
- на ларингс;
- на очи;
- надворешни полови органи;
- папокот.
Дифтеријата на тонзилите може да се јави како:
- Обична дифтерија - ангина која има постепен почеток со температура од 37-38 степени, главоболки, омалаксаност, и болки при голтање. Тонзилите се зголемени, црвени со пајажести налепи подоцна има сивобелчасти псевдомембрани со седефаст сјај и остро ограничени кои при откинување крвараат. Ако навреме се даде антидифтеричен серум налепите изчеснуваат за три-четири дена. Некои налепи се шираат во околината и се јавуваат токсични промени и оштетувања на ЦНС и срцето.
- Злоќудна форма на дифтерија- има потешка клиничка слика со температура повисока од 40 степен, а налепите се шираат на двата крајника, улвулата, носот, назофаринксот, ларингсот и трахеата. Налепите се со сило-жолтеникава боја, во устата има непријатен мирис. Регионалните лимфни јазли се отечени и го исполнуваат целиот врат - проконзуларен врат. Болните се бледи, по кожата имаат точкести крварења, дишењето и срцевата работа се отежнати.
Компликации
[уреди | уреди извор]Парализа на мекото непце, екстремитетите и дишната мускулатура.
Дијагноза
[уреди | уреди извор]- анамнеза;
- клиничка слика;
- бактериограм;
- се зема брис од границата меѓу здравото и болното ткиво. Се правааат два препарата од кои едниот се бои по Грам а другиот по Љубински и се засејуваат на Лоферова подлога.
Терапија
[уреди | уреди извор]Терапијата се состои од:
- антибиотици од широк спектар;
- симптоматска терапија(аналгетици, топли облоги, кислород, вештачко дишење, исхрана-течна и кашеста.)
Профилакса
[уреди | уреди извор]Се дава DI-TE-PER вакцина.
Имунитет
[уреди | уреди извор]Попрележана болест останува долготраен.