Национален институт за статистика и информатика
Националниот институт за статистика и информатика (шпан. Instituto Nacional de Estadística e Informática, INEI) е полусамостојна владина агенција во Перу со задача да распишува пописи, составува и обработува статистички информации за земјата. Моментален директор на институтот е Ренан Киспе Љанос.
INEI го олеснува донесувањето на одлуки кај поединечни субјекти со тоа што нуди квалитетни статистички информации употребувајќи информатичка технологија, така придонесувајќи за развојот на општеството.
Пописна активност
[уреди | уреди извор]Последниот попис INEI го спровеле во август 2005. Претходниот попис е извршен во 1993 г.
Кодни системи
[уреди | уреди извор]Во наодите и извештаите INEI користи стандардни кодни системи за географска положба (Ubicación Geográfica) и класификација на стопанските активности (Clasificación Nacional de Actividades Económicas del Perú):
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Национален институт за статистика и информатика Архивирано на 12 април 1997 г. (шпански) (англиски)