IrDA
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Инфраред Податочната Асоцијација(IrDA) дефинира физички спецификации, односно стандарди за комуникациски протокол за размена на податоци на мало растојание преку инфрацрвена светлина.
- IrDA е пример за безжична оптичка комуникација на многу мал опсег.
- IrDA интерфејсите се користат како медицински имструменти ,како опрема за тестирање и мерење,palmtop компјутери, мобилни телефони, и лаптопи(повеќето лаптопи и телефони исто така овозможуваат и блутут но денес станува се поприфатливо за блутут-от едноставно да го замени IrDA во поновите верзии од производите).
- IrDA спецификациите вклучуваат IrPHY, IrLAP, IrLMP, IrCOMM, Tiny TP, IrOBEX, IrLAN и IrSimple. IrDA сега има произведено нов стандард, IrFM, кој служи за инфраред финансиско праќање пораки(пример за плаќање) исто така познато како "Point and Pay".
За апаратите кои комуницираат преку IrDA мора да имаат директна врска или видокруг слично како кај далечинскиот управувач кај телевизорите.
Спецификации
[уреди | уреди извор]IrPHY
[уреди | уреди извор]Задолжителниот IrPHY(Спецификација на инфраред физичкиот слој) е првиот(најнискиот) слој од спецификациите на IrDA.Најважните спецификации се:
- Опсег: стандард: 1м; мала моќност кон мала моќност: 0.2м; стандард за ниска моќност: 0.3м
- Агол: минимален агол ±15°
- Брзина:2.4 kbit/s до 1 Gbit/s
- "Инфраред прозорец"
- Бранова должина: 875 ± 30 nm nm[1]
IrDA примопредавателите комуницираат со инфраред пулсирањата во агол кој се протега минимум 15°.Физичките спецификации на IrDA побаруваат минималното зрачење да се одржува така што сигналот би бил видлив и до 1 метар оддалеченост.Слично на ова,спецификациите побаруваат максималното зрачење да не биде надминато така што приемникот не би бил попречен со светлина кога уредот се доближува.Во пракса постојат уреди кои недостигнуваат оддалеченост од 1 метар, меѓутоа постојат и уреди кои успеваат да достигнат оддалеченост и до неколку метри.Постојат и уреди кои нетолерираат преголема доближеност до други уреди.Типичната точка за IrDA комуникација е од 5 до 60 см(2.0 до 24 инчи) оддалеченост од примопредавателот.IrDA податочните комуникации функционираат со помош на полудуплекс врска бидејќи додека емитуваат,уредот кој претставува приемник е осветлен("заслепен") од светлината на својот сопствен предавател, и поради тоа полна-дуплекс врска не е возможна.Двата уреда кои комуницираат симулираат полн-дуплекс комуникација со брзо вртење на врската наоколу.Примарниот уред го контролира мерењето на поврзаноста, но и двете страни се ограничени до точно определени ограничувања и се потпомогнати да ги вклучат врските од околу колку што е можно побрзо.
Преносните стапки се распределени во неколку категории:SIR,MIR,FIR,VFIR,UFIR и Giga-IR.Брзините на серискиот инфраред (SIR) ги покриваат брзините за пренос кои се поддржани од RS-232 порта(9600 bit/s, 19.2 kbit/s, 38.4 kbit/s, 57.6 kbit/s, 115.2 kbit/s).Сè додека најмалиот заеднички именител за сите уреди е 9600 bit/s,сите подоцнежни откритија и преговарања се изведуваат на оваа бауд стапка.MIR(Медиум Инфраред) не е официјално прифатен израз меѓутоа се користи кога се однесува за брзини од 0.576 Mbit/s и 1.152 Mbit/s.Брз Инфраред (FIR) се смета за застарен термин од страна на IrDA,но сепак е во секојдневна употреба кога треба да се означи пренос на 4 Mbit/s.FIR понекогаш се користи за претставување на сите брзини над SIR.Како и да е различни пристапи за кодирање се користат од MIR и FIR, и различни пристапи од MIR рамките и FIR пакетите.Поради таа причина овие неофицијални термини довеле до разликување на овие два пристапа.Во иднина ќе постојат поголеми брзини за пренос (моментално нарекувани Многу Брз Инфраред или VFRI)кој се однесува на брзини од 16 Mbit/s.Постојат (VFRI) инфраред примопредаватели како што е TFDU8108 кој функционира во рамки од 9.6 kbit/s до 16 Mbit/s. UFIR (Ултра Брз Инфраред) протоколот поддржува брзина од 96 Mbit/s.Giga-IR протоколот поддржува преносни брзини од 512 Mbit/s и 1 Gbit/s (125 MB/s) и користи 2-ASK и 4-ASK модулација. Овие се разликуваат од другите слични инфраред системи за комуникација кои функционираат надвор од IrDA спрецификациите.PDA комуникациските формати како што се HPSIR, ASKIR се такви.Ова исто така вклучува CIR, кои најчесто се користат во далечинските управувачи, кои се засноваат на протокол кој користи секвенци од пулсови и простор.Можно е да се управува со CIR преку софтвер како што е Lirc.
IrLAP
[уреди | уреди извор]Задолжителниот IrLAP(Инфраред протокол за пристапна врска) е вториот слој од IrDA спецификациите.Тој се наоѓа помеѓу IrPHY и IrLMP слојот.Тој го претставува слојот за податочна врска во OSI моделот.Најважните спецификации се:
- Контрола на пристап
- Откривање на потенцијалните партнери за комуникација
- Дистрибуција на примарните/секундарните улоги на уредите
- Преговарање за QoS праметрите.
Во IrLAP слојот уредите кои комуницираат се поделени на Примарни уреди и Секундарни уреди.Примарните уреди ги контролираат Секундарните.
IrLMP
[уреди | уреди извор]Задолжителниот IrLMP(Инфраред протокол за управување) е третиот слој на IrDA спецификациите.Тој може да се подели на два дела.Првиот или LM-MUX кој "лежи" на врвот на IrLAP слојот.Неговите најголеми достигнувања се:
- Обезбедува повеќекратни логички канали
- Овозможува промена на Примарните/Секундарните уреди
Вториот или LM-IAS кој обезбедува листа каде што сервис услужниците може да ги регистрираат нивните сервиси при што потоа други уреди ќе може да ги пристапат нивните сервиси преку поставување прашање на LM-IAS.
Tiny TP
[уреди | уреди извор]Опционалниот Tiny TP(Мал Протокол за Транспорт) "лежи" над IrLMP слојот.Тој овозможува:
- Tранспорт на големи пораки со помош на SAR
- Контрола на проток со давање кредити на секој логички канал.
IrCOMM
[уреди | уреди извор]Опционалниот IrCOMM(Инфраред Протокол за Комуникација) овозможува на инфраред уредите да се однесуваат како сериски или паралелни порти.Тој лежи над IrLMP слојот.
IrOBEX
[уреди | уреди извор]Опционалниот IrOBEX(Инфраред Размена на Објекти)овозможува размена на произволни податочни објекти помеѓу инфраред уреди.Тој лежи над Tiny TP протоколот, а тоа значи дека дека Tiny TP е задолжителен за да може IrOBEX да работи.
IrLAN
[уреди | уреди извор]Опционалниот IrLAN дава можност да се поврзе инфраред уредот на локална мрежа. Постојат три можни методи:
- Access Point
- Peer to Peer
- Hosted
Бидејќи IrLAN лежи на Tiny TP протоколот, Tiny TP протоколот мора да биде имплементиран за да може IrLAN да работи.
IrSimple
[уреди | уреди извор]IrSimple постигнува најмалку 4 до 10 пати поголеми брзини за пренос на податоци со подобрување на ефикасноста на инфраред IrDA протоколот.Нормална слика од мобилен телефон може да биде пренесена за помалку од 1 секунда.[2]
IrSimpleShot
[уреди | уреди извор]Една од основните цели на IrSimpleShot е да овозможи милиони IrDA мобилни телефони со камера да пренесуваат безжично слики до печатачите и др.
Популарност
[уреди | уреди извор]IrDA беше популарна на лаптопите и некои десктоп компјутери за време на доцните 90-ти до раните 2000-ти.Како и да е таа беше заменета од другите безжични технологии како што се WiFi и Bluetooth, и сето тоа бидејќи на овие технологии не им е потребена директна линија на погледот и поради тоа може да се користат како хардверски уреди, глувче и тастатура.Сè уште се користи во некои средини, каде што интерфејсите не овозможуваат радио-заснована безжична технологија.Популарноста на IrDA се враќа сè повеќе поради неговите висококвалитетни IrSimple протоколи кои овозможуваат трансфер на слики помеѓу печатачите, мобилните телефони и уреди за приказ за неповеќе од 1 секунда. IrDA хардверот е и поевтин и ги избегнува оние безбедносни проблеми кои настануваат со безжичната технологија како што е тоа Bluetooth.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„IrDA“ на Ризницата ? |
- Infrared Data Association website
- ZMD IRDA Архивирано на 12 ноември 2009 г.
- Linux Infrared HOWTO
- Linux Infrared Remote Control
- Linux status of infrared devices (IrDA, ConsumerIR, Remote Control) Архивирано на 25 април 2013 г.
- Latest IRDA developments[мртва врска] including IrSimple, VFIR and UFIR (2005)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2003-09-21. Посетено на 2011-01-15.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-06-10. Посетено на 2011-01-15.
- Charles D. Knutson with Jeffrey M. Brown, IrDA Principles and Protocols, 2004, ISBN 0-9753892-0-3