Gboard има сѐ што ви се допаѓа за „Тастатура на Google“ - брзина и сигурност, пишување со лизгање, пишување со глас, ракописно пишување и друго
Пишување со лизгање - пишувајте побрзо со лизгање на прстот од буква до буква
Пишување со глас - лесно диктирајте текст во движење
Ракописно пишување* - пишувајте ракописно и печатно
Пребарување емоџија* - побрзо најдете го емоџито што го сакате
GIF-датотеки* - пребарувајте и споделувајте GIF-датотеки за совршена реакција.
Повеќејазично пишување - нема веќе рачно префрлање помеѓу јазици. Gboard ќе врши автоматска корекција и ќе предлага некој од овозможените јазици.
Преведи на Google - преведувајте додека пишувате на тастатурата
* Не е поддржано на уредите со Android Go
Стотици различни јазици, вклучувајќи:
азербејџански, англиски, амхарски, арапски, асамски, африканс, баварски, бенгалски, боџпури, бурмански, виетнамски, германски, грчки, гуџарати, декан, зулу, игбо, индонезиски, италијански, јавански, јапонски, јорупски, каннада, кинески (мандарински, кантонски и други), кмерски, корејски, коса, курдски, магахи, маитили, малајамски, малајски, марати, непалски, одија, паштунски, пенџапски, персиски, полски, португалски, романски, руски, сарајки, свахили, себуански, северносотски, сесото, синди, синхалски, сомалиски, сундски, тајландски, тамилски, телугу, турски, узбечки, украински, урду, филипински, француски, хауса, хинди, холандски, цвана, чатисгари, чешки, читагонски, шпански и многу други! Одете на https://goo.gl/fMQ85U за да го видите целосниот список со поддржани јазици
Професионални совети:
• контрола на движење со курсорот: лизгајте го прстот над лентата за празно место за да го преместувате курсорот
• бришење со движење: лизгајте налево од копчето за бришење за да избришете повеќе зборови набрзина
• овозможување постојана достапност на редот со броеви (во „Поставки → Претпочитања → Ред со броеви“)
• навестувања за симболи: прикажување брзи навестувања на копчињата за пристап до симболите со долго притискање (овозможете во „Поставки → Претпочитања → Долго притискање за симболи“)
• режим со една рака: на телефоните со голем екран, закачете ја тастатурата лево или десно на екранот
• теми: изберете тема со или без рамки на копчињата
Ажуриранa на
21.10.2024 г.