Прејди на содржината

Кореница: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°21′22″N 21°19′31″E / 41.35611° СГШ; 21.32528° ИГД / 41.35611; 21.32528
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 2 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5
Нема опис на уредувањето
 
(Не се прикажани 5 меѓувремени преработки од 3 корисници)
Ред 5: Ред 5:
| опис = Поглед на селото
| опис = Поглед на селото
| општина = {{општинскигрб|Општина Кривогаштани}}
| општина = {{општинскигрб|Општина Кривогаштани}}
| регион = {{грбови|Пелагониски Регион}}
| регион = {{грб|Пелагониски Регион}}
| област = [[Пелагонија|Прилепско Поле]]
| област = [[Пелагонија|Прилепско Поле]]
| население = 40
| население = 40
Ред 66: Ред 66:


Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македонија, Етнографија и статистика]]“) од 1900 година, во Кореница живееле 105 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":1">Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.</ref> Според егзархискиот секретар [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во Кореница имало 104 [[Македонци]], под врховенството на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]].<ref name=":2">D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.</ref>
Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македонија, Етнографија и статистика]]“) од 1900 година, во Кореница живееле 105 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":1">Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.</ref> Според егзархискиот секретар [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во Кореница имало 104 [[Македонци]], под врховенството на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]].<ref name=":2">D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.</ref>

На Етнографската карта на [[Битолски Вилает|Битолскиот Вилает]] од 1901 г. Кореница се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.<ref>{{Битолски Вилает|21}}</ref>

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]] од 1931 година, селото имало 150 [[Македонци]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://maps.mapywig.org/m/German_maps/series/200K_Volkstumskarte_Jugoslawien/VKJug_Bl_39_39-41_BITOLJ_(MONASTIR)_1941.jpg|title=200K Volkstumskarte Jugoslawien}}</ref>


Кореница е мало село, коешто во 1961 година броело 212 жители, а во 1994 година 87 жители, од кои 85 биле Македонци.<ref name="енциклопедија" />
Кореница е мало село, коешто во 1961 година броело 212 жители, а во 1994 година 87 жители, од кои 85 биле Македонци.<ref name="енциклопедија" />
Ред 106: Ред 110:
=== Избирачко место ===
=== Избирачко место ===


Во селото постои избирачкото место бр. 1509 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]], сместено во просториите на основното училиште.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|title=Описи на ИМ|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019}}</ref>
Во селото постои избирачкото место бр. 1509 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]], сместено во просториите на основното училиште.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|title=Описи на ИМ|last=|first=|date=|work=|archive-url=https://web.archive.org/web/20230817210325/https://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|archive-date=2023-08-17|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019|url-status=dead}}</ref>


На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r/all/56/1613|title=Претседателски избори 2019|last=|first=|date=|work=|archive-url=https://web.archive.org/web/20191229144944/https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r/all/56/1613|archive-date=2019-12-29|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019|url-status=dead}}</ref> На [[Локални избори во Македонија (2021)|локалните избори во 2021 година]], на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/mk/mayr/t6/51|title=Локални избори 2021|last=|first=|date=|work=|archive-url=https://web.archive.org/web/20211202105827/https://rezultati.sec.mk/mk/mayr/t6/51|archive-date=2021-12-02|dead-url=|accessdate=6 јануари 2022|url-status=dead}}</ref>
На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r/all/56/1613|title=Претседателски избори 2019|last=|first=|date=|work=|archive-url=https://web.archive.org/web/20191229144944/https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r/all/56/1613|archive-date=2019-12-29|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019|url-status=dead}}</ref> На [[Локални избори во Македонија (2021)|локалните избори во 2021 година]], на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/mk/mayr/t6/51|title=Локални избори 2021|last=|first=|date=|work=|archive-url=https://web.archive.org/web/20211202105827/https://rezultati.sec.mk/mk/mayr/t6/51|archive-date=2021-12-02|dead-url=|accessdate=6 јануари 2022|url-status=dead}}</ref>

Последна преработка од 17:58, 14 февруари 2024

Кореница

Поглед на селото

Кореница во рамките на Македонија
Кореница
Местоположба на Кореница во Македонија
Кореница на карта

Карта

Координати 41°21′22″N 21°19′31″E / 41.35611° СГШ; 21.32528° ИГД / 41.35611; 21.32528
Регион  Пелагониски
Општина  Кривогаштани
Област Прилепско Поле
Население 40 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7524
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20050
Надм. вис. 623 м
Кореница на општинската карта

Атарот на Кореница во рамките на општината
Кореница на Ризницата

Кореница — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Сретселото

Селото се наоѓа на крајниот западен дел на Прилепското Поле, а на северозападната страна на територијата на Општина Кривогаштани, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 623 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 24 километри.[2]

Кореница е мало село сместено помеѓу планинскиот гребен Корија на запад и низината на исток. Ова му дава погодни стопански услови на селото. Околни села се Кривогаштани, Годивле, Врбоец и Алданци. Во минатото, водата за пиење се добивала од една чешма и неколку бунари.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Долгачка, Црна Земја, Висои, Лозановец, Орлов Даб, Пајкарница, Врталка, Чука, Решетарица, Петровка, Цуцулка, Чаир, Кале или Градиште, Годивска Корија, Грозданоа Мртвица, Голосабијица, Чавков Даб, Црква, Петков Камен и Горна Чешма.[3]

Селото има збиен тип. Групите на роднинските куќи не се остро издвоени.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Мештаните говорат дека некогаш имало населба на месноста Долгачка, кое се наоѓа во котлинската рамнина источно од селото. На длабочина од половина метар, во ливадите, се наоѓаат темели на куќи и парчиња на садови. Некои селани наведуваат дека селото било напуштено поради поплави. Траги на старини има и на месноста Кале или Градиште, западно од селото. Тоа е возвишение (600 метри), каде се наоѓаат остатоци на ѕидови, ќерамиди и грнчиња. Постарите мештани наведуваат дека тврдината на Градиште може да е од римско време или од времето на Крале Марко.[3]

Поглед на селото

Кореница се смета за старо село, што се огледува во зачуваните малобројни староседелци. Народната традиција наведува дека во XIX век, селото се зголемило на 60 христијански куќи. Во втората половина на тој век, неговите мештани задолжиле некои „јазаџии“ (даночници). Селаните не можеле да го платат долгот и државата им ја продала земјата на Турчинот наречен Драскало, кој живеел во Прилеп. Поради ова, многу селани се иселиле од селото. Потоа, селото било чифчијско и како такво останало до 1920 година. Последните сопственици се викале Селија, Оломан и Шаќир. Првите двајца биле зетови на Драскало. Селаните ја добиле земјата со купување, но и со аграрната реформа.[3]

Во минатото, Кореница имало своја земја и во долината на Алданска Река на запад. Но, таму бил убиен човек, по што за тоа платиле селани од Кривогаштани, поради што земјата тие ја присвоиле. Истото се случило и со месноста Годивљанска Корија, која ја присвоиле селаните од соседното Годивле.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 3,4 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 254 хектари, на пасиштата отпаѓаат 61 хектар, а на шумите отпаѓаат само 9 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948187—    
1953204+9.1%
1961212+3.9%
1971181−14.6%
1981142−21.5%
ГодинаНас.±%
199195−33.1%
199487−8.4%
200262−28.7%
202140−35.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кореница живееле 105 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кореница имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кореница се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Кореница е мало село, коешто во 1961 година броело 212 жители, а во 1994 година 87 жители, од кои 85 биле Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кореница живееле 62 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 40 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 105 104 187 204 212 181 142 95 87 62 40
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Кореница е македонско православно село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:

  • Староседелци: Костадиновци (6 к.), Зуламовци (1 к.) и Шамаковци (1 к.).
  • Доселеници: Бурневци (11 к.), доселени се во турско време од селото Локвени, таму живееле 70 години, право потекло им е од селото Велмевци во Железник; Звездаковци (4 к.), доселени се од селото Загорани, таму имаат истоимени роднини; Колевци (4 к.), доселени се од селото Годивле, таму им се род Филиповци.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Родот Наумовци иселени се во селото Турско. Од родот Шамаковци има иселеници во Средорек, Крушево и во Белград.[3]

За првичното иселување на големиот број македонски родови нема податоци.[3]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поранешното основното училиште
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Кореница било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Кореница, се наоѓале и селата Врбоец, Годивле, Кривогаштани, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митрани и Подвис. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Годивје, кога во нејзе се наоѓале селата Годивје, Кореница, Локвени и Подвис.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1509 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Долгачка — неопределено наоѓалиште од непознат период; и
  • Кале — неопределено наоѓалиште од непознат период.
Цркви[16]
  • Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, изградена во 1859 година, врз темели на постара црква.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во минатото во селото работел фудбалскиот клуб „Изгрев“.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 157. Посетено на 6 јануари 2022.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јануари 2022.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 6 јануари 2022.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]