Големиот раскол: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Christianity}} |
{{Christianity}} |
||
'''Големата Шизма'''<ref>Sometimes called the Great Schism, a term that is also applied to the [[Western Schism]] (Oxford Dictionary of the Christian Church, Oxford University Press 2005 ISBN 978-0-19-280290-3, article ''Great Schism'')</ref> или '''Големиот Раскол''' ([[грчки јазик|гр.]] ''σχισμα'', [[латински јазик|лат.]] ''schisma'' - раскол, одвојување, цепење, разделување, шизма), исто така познат како '''Источно-Западен Раскол''' е настанот што го поделил [[Халкедонско христијанство|Халкедонското христијанство]] на [[католицизам]] и [[ |
'''Големата Шизма'''<ref>Sometimes called the Great Schism, a term that is also applied to the [[Western Schism]] (Oxford Dictionary of the Christian Church, Oxford University Press 2005 ISBN 978-0-19-280290-3, article ''Great Schism'')</ref> или '''Големиот Раскол''' ([[грчки јазик|гр.]] ''σχισμα'', [[латински јазик|лат.]] ''schisma'' - раскол, одвојување, цепење, разделување, шизма), исто така познат како '''Источно-Западен Раскол''' е настанот што го поделил [[Халкедонско христијанство|Халкедонското христијанство]] на [[католицизам]] и [[православие]] (терминот „Големата Шизма“ понекогаш се однесува на Западната Шизма).<ref name="Cross">{{Цитирана книга |editor=Cross, F. L., ed. |title=The Oxford Dictionary of the Christian Church |location=New York |publisher=Oxford University Press |year=2005 |isbn=0-19-280290-9}}</ref> Расколот помеѓу [[Рим]] и [[Константинопол]] датира од [[1054]], кога папата [[Лав IX]] и патриархот [[Михаил I]] се разделуваат еден од друг во [[црква|црквата]]. |
||
== Причини == |
== Причини == |
Преработка од 14:12, 16 јули 2012
Големата Шизма[1] или Големиот Раскол (гр. σχισμα, лат. schisma - раскол, одвојување, цепење, разделување, шизма), исто така познат како Источно-Западен Раскол е настанот што го поделил Халкедонското христијанство на католицизам и православие (терминот „Големата Шизма“ понекогаш се однесува на Западната Шизма).[2] Расколот помеѓу Рим и Константинопол датира од 1054, кога папата Лав IX и патриархот Михаил I се разделуваат еден од друг во црквата.
Причини
Оваа шизма е резултат е од еден долг период на разделувањето на двете цркви. Основната причина за разделувањето е борбата за врховна власт помеѓу римските папи и константинополските патриарси. За разделувањето помогнале и веќе постојаните разлики помеѓу западната и источната црква во обредите и организацијата.
Примарните причини за Шизмата биле спорови околу папскиот авторитет - Папата тврдел дека имал авторитет над четирите источни патријарси, додека четирите источни патријарси тврделе дека приматот на Римскиот Патријарх е само почесен, и тој има авторитет само над западните христијани - и над вметнувањето на клаузулата филиокве во Никејскиот символ.
Исто така друга причина за разделувањето се гледа во културните разлики помеѓу истокот и западот. Теолозите чие потекло водело од западна Европа предимно се ориентирале кон правните црковно-религиозни прашања, додека источните теолози сметале дека основа за понатамошно развивање и усовршување на верата е философијата и решавање на нејзините прашања. Исто така, како друга причина се јавува и јазикот каде во источниот дел главно се употребува грчкиот јазик а додека во западниот латинскиот јазик.
Друга важна причина се разликите во религиозните сфаќања. Различностите се формирале во текот на повеќе векови. Во 589 година на соборот на шпанската црква во Толедо бил променет основниот постулат на христијанството - Символот на верата. Било утврдено дека Светиот Дух произлегувал од Отец и Син, кои се на еднакво рамниште т.е. рамноправни. Во 1014 година, папата Бенедикт VIII конечно ја утврдил таа идеја. Можеби и малку нејасна, но таа е една од причините за започнување на различијата помегу црквите. Во источната постулатот останал непроменет ( се признава само Бог. Отецот и светиот дух стојат до него) .
Друга спорна точка помегу двете цркви е “чистилиштето“, каде според грчките теолози чистилиштето всушност не ни постои помеѓу рајот и пеколот.
Развивање
Во 1054 година се случило и конечното разделување на црквата. Во Константинопол, патриjархот Михаил Керулариј се сомневал дека доколку императoрот Константин IX стане зависен од воениот сојуз со западот, тогаш црквата во Константинопол ќе треба да се соочува со Рим. За да не дојде до тоа, тој започнува да ги нагрубува католичките прелати. Католичките обреди се наречени недостојни, а католичките цркви во Константинопол се затворени.
Во Рим, папата Лав IX многу остро го осудува овој чин и затоа во Константинопол го испраќа кардиналот Хумберт, кој кога пристигнал таму, ја пренел пораката од папата, а најмногу се спротиставувал за нерешеното прашање околу Светиот Дух. По тримесечно очекување на дијалог со патријархот, Хумберт издал була (папски документ) за протерување на Михаил од црквата. Но во тоа време папата само што починал, и самата була се покажала дека е невалидна. И покрај поддршката што пратеникот од Рим ја имал од императорот, Михаил останал патријарх поради масовната поддршка на верниците.
По овој настан, дошло до постепено раздвојување на источната и западната црква. Периодично, односите се подобрувале и влошувале, но не постоел настан кој официјално би го означил раздвојувањето на црквите, се' до 4. Крстоносна војна, кога крстоносците го нападнале Константинопол и ја опустошиле Аја Софија.
По распадот
- Четвртата крстоносна војна (1202-1204), дополнително допринесела многу за зајакнување на источната црква во однос на латеранската.
- По ослободувањето на Цариград, византиските цареви сакале политички да се помират со своите собраќа во Римската црква.
Обиди за обединување
Црквата се поделила по доктринарна, теолошка, лингвистичка, политичка и географска линија, и фундаменталното разидување никогаш не било залечено. Може да се рече дека двете цркви всушност повторно се обединиле во 1274 (од Вториот Совет во Лион), и во 1439 (од Советот од Базел), но и во двата случаи православните се одрекле од нив, со оглед на тоа што хиерарсите го пречекориле својот авторитет во овие таканаречени "сојузи". Во текот на 15 век под притисок на османлиската заплаха, грчката држава направила опити за обединување на двете цркви. Во 1439 години на саборот во Фиренца се потпишал договор помеѓу двете цркви. Но и покрај тоа, повеќе од источните теолози продолжиле да не го почитуваат тој договор. Со паѓањето на Константинопол во 1453 година, унијата била уништена.
Другите обиди да се обединат двете цркви пропаднале; но неколку црковни заедници кои биле поврзани со Истокот ја промениле својата припадност, и тие сега се викаат унијатски цркви. Но, главно, источната и западната црква се одделни. Секоја од нив смета дека е "Единствената Света Вселенска и Апостолска Црква", имплицирајќи дека другата црква ја напуштила вистинската црква за време на Шизмата.
Делување и спор
Со распадот на црквата, католицизмот од своја страна придонел за создавање на еден конфесионален систем од страна на папитекој Православната црква не го прифаќа. Повеќе од папата го форсираат унијатството: така Пиј IX во енциклопедијата "Litterae ad Orientales" (1848), Лав XIII во "Praeclara Gratulationis" (1894), Пиј во "Rerum Orientalis" (1928) и "Lux veritas" (1931). Во декември 1854 година, папите Пиј IX, папа кој во 1864 година исто така ќе објави "Syllabus", прогласува без консултација на ниту еден собор, "Bulu Ineffabilis". Во 1894 година, папата Лав XIII повторно се вратил на унијатството и повторно го подновил апелот за враќање на апостолскиот римски престол, додека во 1950 година, во ноември папитеПиј ХII прогласил доклад за телесното воскресување на небото на Дева Марија (во апостолската конституција ,,Munificentissimus").
На вториот ватикански собор (концил) , (окт. 1962 - дец. 1965) бил донесен нов доклад за црквата, "Lumen Gentium ", каде биле повторени сите одлуки донесени на Првиот ватикански концил , "Pastor aeternus", и тоа дека целите на наследниците на Свети Петар се видливи во главната цел на самата црква (бр. 18 и 25), како и декрет "Unitatis Redintegratio", во кој се изјавува дека единствена права црква е Римокатоличката црква, а другите се одвоени од апостолскиот римски престол и составуваат различни концентрични кругови.
Во јануари 1964 година папата Павле VI го посетил Ерусалим каде се сретнал со Вселенскиот патриарх Атинагором I. Во есен истата година Православната црква решила да се започнат припреми за отварање на теолошки дијалог на “еднакви нози“ со Римокатоличката црква. До завршувањето на Вториот Ватикански концил во 1965 година во декември, папата Павле VI, во катедралата Свети Петар во Рим, а патријархот Атинагора во Патријарската катедрала во Истанбул, покренале скоро во исто време една “анатема“ која траела помеѓу двете цркви изминатите девет векови. Но, и двата поглавари на црквата се свесни дека овој гест не е доволен за да се направи разлика помеѓу самите цркви. Практично, разделеност се уште постои.
Литература
- ↑ Sometimes called the Great Schism, a term that is also applied to the Western Schism (Oxford Dictionary of the Christian Church, Oxford University Press 2005 ISBN 978-0-19-280290-3, article Great Schism)
- ↑ Предлошка:Цитирана книга
Византиско Царство | ||
Ромејска култура | Историја на Римското Царство во средниот век | Уредување на Римското Царство во средниот век |
---|---|---|
Архитектура |
Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I |
|