Бобови: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.3) (Робот: Додава af:Fabaceae |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 2: | Ред 2: | ||
{{Taxobox |
{{Taxobox |
||
| color = lightgreen |
| color = lightgreen |
||
| name = Бобови |
|||
| name = Пеперугоцветни (легуминозни) |
|||
| image_width = 300px |
| image_width = 300px |
||
| image = Doperwt rijserwt bloemen Pisum sativum.jpg |
| image = Doperwt rijserwt bloemen Pisum sativum.jpg |
||
Ред 18: | Ред 18: | ||
[[Faboideae]] |
[[Faboideae]] |
||
}} |
}} |
||
'''Бобовите''' (науч. ''Fabaceae'') наречени и '''легуминозни''' (''Leguminosae'') се [[фамилија (ботаника)|фамилија]] на растенија - трета најголема фамилија на [[Скриеносемени|цветни растенија]] (по [[орхидеи]]те и [[главоцветни]]те), како и втората по стопанска и економска важност (после фамилијата на [[треви]]те). |
|||
Во |
Во бобовите растенија спаѓаат голем број на култивирани видови кои служат за исхрана на човекот и животните, како и за добивање на масла, влакна, нафта, природни ѓубрива, лекови итн. Фамилијата вклучува и неколку модел организми за [[Генетика|генетски]] истражувања (како [[грашок]]от, со кој [[Грегор Мендел]] ги поставил основите на генетиката). |
||
== Адаптивни типови и распространување == |
== Адаптивни типови и распространување == |
||
Овие растенија може да бидат едногодишни и повеќегодишни тревести растенија, грмушки, дрвја, лијани па дури и неколку водни растенија. |
Овие растенија може да бидат едногодишни и повеќегодишни тревести растенија, грмушки, дрвја, лијани па дури и неколку водни растенија. Бобовите се често доминантни елементи на вегетацијата во умерените и тропските региони на светот. Особено се чести во тропските шуми и умерените грмушести региони со сезонски сува клима. |
||
== Морфолошки особености == |
== Морфолошки особености == |
||
Ред 36: | Ред 36: | ||
[[Цвет]]овите се симетрични или асиметрични (актиноморфни или зигоморфни, соодветно), [[хермафродит]]ни, со еден натцветен [[Плодник|плоден лист]] (карпела) кој може да биде хипогински (кога [[Прашник|прашниците]], чашкините и венечните ливчиња се прикачени за основата на јајчникот) или перигински (кога овие елементи не се прикачени за јајчникот, туку се распоредени околу него), петделни, поредени единечно или во рацемозни, игличести или главичести [[Соцветие|соцветија]]. Главната обединувачка карактеристика на фамилијата е [[плод]]от наречен [[легума]]. Со неколку исклучоци, легумите се еднокоморни (со една локула) мешунки, со париетална плацентација долж адаксијалната спојница (сутура) на плодот. Во јајчникот постојат два или повеќе [[Семенов зачеток|семенови зачетоци]] (овули), поредени во два наизменични реда на плацентата. |
[[Цвет]]овите се симетрични или асиметрични (актиноморфни или зигоморфни, соодветно), [[хермафродит]]ни, со еден натцветен [[Плодник|плоден лист]] (карпела) кој може да биде хипогински (кога [[Прашник|прашниците]], чашкините и венечните ливчиња се прикачени за основата на јајчникот) или перигински (кога овие елементи не се прикачени за јајчникот, туку се распоредени околу него), петделни, поредени единечно или во рацемозни, игличести или главичести [[Соцветие|соцветија]]. Главната обединувачка карактеристика на фамилијата е [[плод]]от наречен [[легума]]. Со неколку исклучоци, легумите се еднокоморни (со една локула) мешунки, со париетална плацентација долж адаксијалната спојница (сутура) на плодот. Во јајчникот постојат два или повеќе [[Семенов зачеток|семенови зачетоци]] (овули), поредени во два наизменични реда на плацентата. |
||
Околуцветните листови се дводелни, односно диференцирани на чашка и венче. Чашката е претставена со 5 срасната чашкини ливчиња, додека венчето со 5 венечни ливчиња кои имаат карактеристичен распоред кој потсетува на раширени крилја на [[пеперутка]]. Најгорното венечно ливче е најчесто најголемо и е превиено нагоре, а се нарекува знаменце (бајраче или ''Vexillum''). Двете странични венечни ливчиња се крилца (''allae''), а најдолните две венечни ливчиња се сраснати со рабовите и се нарекуваат чамчиња (''carina''). Во чамчето се наоѓаат прашниците и плодникот. |
Околуцветните листови се дводелни, односно диференцирани на чашка и венче. Чашката е претставена со 5 срасната чашкини ливчиња, додека венчето со 5 венечни ливчиња кои имаат карактеристичен распоред кој потсетува на раширени крилја на [[пеперутка]] (затоа фамилијата се нарекува и !'''пеперугоцветни'''„). Најгорното венечно ливче е најчесто најголемо и е превиено нагоре, а се нарекува знаменце (бајраче или ''Vexillum''). Двете странични венечни ливчиња се крилца (''allae''), а најдолните две венечни ливчиња се сраснати со рабовите и се нарекуваат чамчиња (''carina''). Во чамчето се наоѓаат прашниците и плодникот. |
||
== Систематика == |
== Систематика == |
||
Ред 129: | Ред 129: | ||
</gallery> |
</gallery> |
||
[[Категорија: |
[[Категорија:Бобови| ]] |
||
[[af:Fabaceae]] |
[[af:Fabaceae]] |
Преработка од 08:12, 8 септември 2012
Бобови | |
---|---|
Цвет на грашок. | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Цветници |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Fabales |
Семејство: | Fabaceae Линд. |
Потфамилии | |
Бобовите (науч. Fabaceae) наречени и легуминозни (Leguminosae) се фамилија на растенија - трета најголема фамилија на цветни растенија (по орхидеите и главоцветните), како и втората по стопанска и економска важност (после фамилијата на тревите).
Во бобовите растенија спаѓаат голем број на култивирани видови кои служат за исхрана на човекот и животните, како и за добивање на масла, влакна, нафта, природни ѓубрива, лекови итн. Фамилијата вклучува и неколку модел организми за генетски истражувања (како грашокот, со кој Грегор Мендел ги поставил основите на генетиката).
Адаптивни типови и распространување
Овие растенија може да бидат едногодишни и повеќегодишни тревести растенија, грмушки, дрвја, лијани па дури и неколку водни растенија. Бобовите се често доминантни елементи на вегетацијата во умерените и тропските региони на светот. Особено се чести во тропските шуми и умерените грмушести региони со сезонски сува клима.
Морфолошки особености
Претставниците од оваа фамилија имаат голема потреба за азот во нивниот метаболизам. Имено, овие растенија живеат во симбиоза со азотофиксаторски бактерии кои формираат нодули (грутки) на кореновиот систем на растението, каде го врзуваат атмосферскиот азот во нитрити и нитрати. Оваа симбиоза е еколошки необично важна, бидејќи единствено на овој начин азотот се инкорпорира во живата материја.
Морфолошки, претставниците од оваа фамилија се одликуваат со прости или сложени листови (перести или двојно перести), едноделни или триделни (како кај луцерката и детелината), а може и да се метаморфозирани (како кај родот Acacia). Кај некои видови, како Lathyrus, листовите се редуцирани во мустачки, а кај грашокот тие се спирално поредени, со стипули (прилисници) кои понекогаш може да се големи и листовидни. Листовите може да бидат метаморфозирани во трнови (како кај Prosopis и багремот).
Цветовите се симетрични или асиметрични (актиноморфни или зигоморфни, соодветно), хермафродитни, со еден натцветен плоден лист (карпела) кој може да биде хипогински (кога прашниците, чашкините и венечните ливчиња се прикачени за основата на јајчникот) или перигински (кога овие елементи не се прикачени за јајчникот, туку се распоредени околу него), петделни, поредени единечно или во рацемозни, игличести или главичести соцветија. Главната обединувачка карактеристика на фамилијата е плодот наречен легума. Со неколку исклучоци, легумите се еднокоморни (со една локула) мешунки, со париетална плацентација долж адаксијалната спојница (сутура) на плодот. Во јајчникот постојат два или повеќе семенови зачетоци (овули), поредени во два наизменични реда на плацентата.
Околуцветните листови се дводелни, односно диференцирани на чашка и венче. Чашката е претставена со 5 срасната чашкини ливчиња, додека венчето со 5 венечни ливчиња кои имаат карактеристичен распоред кој потсетува на раширени крилја на пеперутка (затоа фамилијата се нарекува и !пеперугоцветни„). Најгорното венечно ливче е најчесто најголемо и е превиено нагоре, а се нарекува знаменце (бајраче или Vexillum). Двете странични венечни ливчиња се крилца (allae), а најдолните две венечни ливчиња се сраснати со рабовите и се нарекуваат чамчиња (carina). Во чамчето се наоѓаат прашниците и плодникот.
Систематика
Во фамилијата има околу 730 рода во кои се распоредени 20.000 вида. Постојат три подфамилии и околу 45 племиња:
- Caesalpinieae
- Cassieae
- Detarieae
- Abreae
- Adesmieae
- Aeschynomeneae
- Amorpheae
- Astragaleae
- Bossiaeeae
- Brongniartieae
- Carmichaelieae
- Cicereae
- Coronilleae
- Crotalarieae
- Cytiseae
- Dalbergieae
- Daleeae
- Desmodieae
- Dipteryxeae
- Euchresteae
- Fabeae
- Galegeae
- Genisteae
- Hedysareae
- Hypocalypteae
- Indigofereae
- Liparieae
- Loteae
- Millettieae
- Mirbelieae
- Phaseoleae
- Podalyrieae
- Psoraleeae
- Robinieae
- Sophoreae
- Swartzieae
- Thermopsideae
- Trifolieae
- Vicieae
- Acacieae
- Ingeae
- Mimoseae
- Mimozygantheae
- Parkieae
Тука припаѓа и племето Cercideae со четири или дванаесет рода и околу 265 вида, кое не може да се вклопи во било која од погоре наведените фамилии:
- Adenolobus (Harv. ex Benth. & Hook. f.) Torre & Hillc.
- Bauhinia L.
- Brenierea Humbert
- Cercis L. - Јудино дрво
- Griffonia Baill.
- Tylosema (Schweinf.) Torre & Hillc.
Галерија
-
Мустачките на Lathyrus odoratus
-
Соцветие на детелината Trifolium repens
-
Ломент (легума која се стеснува меѓу плодовите) на Alysicarpus vaginalis