Прејди на содржината

Трифулчево: Разлика помеѓу преработките

Координати: 40°47.27′N 22°15.49′E / 40.78783° СГШ; 22.25817° ИГД / 40.78783; 22.25817
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 79: Ред 79:
{{Пописи-ЕМ|469|459|562|541|525|543|531|481}}
{{Пописи-ЕМ|469|459|562|541|525|543|531|481}}
== Стопанство ==
== Стопанство ==
Селото се смета за богато бидејќи лежи во поле. Се произведува [[овошје]], [[памук]], [[жито]], [[бостан]] и др. Застапено е и [[краварство]]то.
Селото се смета за богато бидејќи лежи во поле. Се произведува [[овошје]], [[памук]], [[жито]], [[бостан]] и др. Застапено е и [[краварство]]то.<ref name="НМЕМ" />


== Поврзано ==
== Поврзано ==

Преработка од 02:57, 25 декември 2019

Трифулчево
Τριφύλλι
Трифулчево is located in Грција
Трифулчево
Трифулчево
Местоположба во областа
Трифулчево во рамките на Постол (општина)
Трифулчево
Местоположба на Трифулчево во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.27′N 22°15.49′E / 40.78783° СГШ; 22.25817° ИГД / 40.78783; 22.25817
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаАлександар Велики
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно481
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Трифулчево (грчки: Τριφύλλι, Трифили; до 1926 г. Τριφούλτσοβο, Трифулцово[2]), на турски: Кадиќој — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 481 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци. Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Роми, а денес е населено со грчки доденици и малку Македонци.[3]

Географија

Селото е сместено во Солунското Поле, 4 км северно од Кадиново, близу патот од Пазар за Воден.

Историја

Во Отоманското Царство

На почетокот на XX век Трифулчево било село во Ениџевардарска каза на Османската империя. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вели дека во 1900 г. Трифулчево (Кади Ќој) броело 240 жители Турци,[4] што е погрешен податок. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 20 куќи, од кои 5 на Македонци христијани и 15 на Роми муслимани.

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 208 жители, кои во 1920 г. биле 233.[3] Во 1920-тоте муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На негово место се доведени грчки колонисти од Понд, а во 1924 г. и грчки дојденци од Источна Тракија.[5][3] Во 1926 г. селото е преименувано во Трифили. Според пописот од 1928 г. селото имало 280 жители, од кои биле 213 грчки дојденци (62 семејства), а остатокот биле Македонци.[6]

Поради поволните услови, во 1940 г. населението нараснало на 469 лица и продолжило умерено да се развива.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 469 459 562 541 525 543 531 481
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото се смета за богато бидејќи лежи во поле. Се произведува овошје, памук, жито, бостан и др. Застапено е и краварството.[3]

Поврзано

Наводи

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τριφούλτσοβον -- Τριφύλλι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 79–80.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  5. Ѓупчево на порталот на поранешната општина Александър Велики (грчки)
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928