Сарбегово
Сарбегово Δροσερό | |
---|---|
Координати: 40°49.22′N 22°14.53′E / 40.82033° СГШ; 22.24217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Александар Велики |
Надм. вис. | 15 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 457 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Сарбегово или Асарбегово (грчки: Δροσερό, Дросеро; до 1927 г. Ασιάρ Βέη, Асјар Веи[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 457 жители (2011), од кои една третина се Македонци, а останатите — грчки дојденци. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и Турци, од кои Македонците имале двотретинско мнозинство.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во Солунското Поле, 10 км северно од Кадиново и 19 км од градот Пазар (Ениџе Вардар).[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]На почетокот на XX век Сарбегово било село во Ениџевардарската каза. Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во XIX век.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сарбегово броело 300 Македонци и 100 Турци.[5][6]
Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. селото (Сар бегово) потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Сарбегово (Sarbegovo) имало 360 Македонци под егзархијата.[5][8]
Во овој период меѓу Македонците во селото работела бугарската пропаганда. Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев напишал во 1909 г. за селото:
„ | Сарбегово, 5/III, 1¾ ч. од Свети Ѓорѓи. Има вкупно 59 куќи: 32 македонски егзархиски и 27 турски. Од македонските, само три куќи се во самостојна сопственост. Се занимаваат со земјоделство. Црквата е затворена. Таа нема никакви имоти. Училиштето е двокатно, една училница, големина 5×3×2½ метри, душеме, таван, добро осветлена.[5][9] | “ |
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 60 македонски и 30 турски куќи.[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 422 жители, кои во 1920 г. биле 439.[3] Во 1920-тите турското население на Сарбегово е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од село Тајфири (Тајфурќој) во Источна Тракија и Ираклио, Никомидиско во Мала Азија. Во 1925 г. дошле и извесен број Власи,[10] а во Бугарија заминале 58 македонски жители.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Дросеро, што значи „свежо“. Според Тодор Симовски, во 1928 г. селото имало 636 жители, од кои вкупно 289 грчки доселеници и неколку влашки семејства, а останатите биле Македонци.[11] За време на Граѓанската војна во февруари 1946 г. селото е напуштено. На 3 јули 1947 г. е изгорено целото село, со исклучок на десетина куќи и црквата. Жителите на Сарбегово се вратиле во 1950 г. но следната година не се попишани, веројатно поради сè уште нејасната ситуација.
По војните, населението почнало постепено да се смалува во однос на претходно и тој тренд трае до денес.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 779 | — | 644 | 622 | 615 | 558 | 496 | 457 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Сарбегово е доста богато село. Се одгледуваат овошје, жито и памук, а делумно се прават и сточарски преработки.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ασιάρ Βέη -- Δροσερόν
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63.
- ↑ „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 572. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
- ↑ Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
- ↑ Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 83.
- ↑ Сарбегово на порталот на поранешната Општина Александар Велики[мртва врска] (грчки)
- ↑ Грчкиот попис од истата 1928 г. погрешно го дава Сарбегово како чисто дојденско село до 264 жители (75 семејства). Погл. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
|