Дрмени: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Потекло на името: Јазична исправка, replaced: суфиксот → наставката |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 89: | Ред 89: | ||
* '''Турски родови:''' ''Асановци'', ''Бекташовци'', ''Демирчевци'', ''Иљазовци'', ''Керимовци'' и ''Реџовци''. |
* '''Турски родови:''' ''Асановци'', ''Бекташовци'', ''Демирчевци'', ''Иљазовци'', ''Керимовци'' и ''Реџовци''. |
||
Според истражувањата на [[Бранислав Русиќ]] во 1949 година, родови во селото се:<ref>{{Наведена книга|title=Преспанска област|last=Русиќ|first=Бранислав|publisher=Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87|others=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref> |
Според истражувањата на [[Бранислав Русиќ]] во 1949 година, родови во селото се:<ref name=":0">{{Наведена книга|title=Преспанска област|last=Русиќ|first=Бранислав|publisher=Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87|others=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref> |
||
* '''Доселеници:''' ''Вецовци'' (4 к.), по потекло се од селото [[Горна Горица|Горица]] во [[Мала Преспа]]. Од таму се иселиле во [[Стење]], па по некое време прешле во Дрмени; ''Таневци'' (8 к.), доселени се одамна од селото [[Ѓавато (Битолско)|Ѓавато]] кај [[Битола]]; ''Филиповци'' (2 к.), доселени се од селото [[Шурленци]]; ''Пепелашовци'' со ''Потревци'' и ''Јошевци'' (3 к.), доселени се од селото [[Шурленци]]; ''Папазовци'' (1 к.), доселени се во 1930-тите од селото [[Скребатно]] кај [[Охрид]]; ''Крагујаовци'' или ''Каракотевци'' и ''Клинчаровци'' (4 к.), доселени се однекаде; ''Несторовци'' (23 к.), доселени се одамна однекаде; ''Чабиловци'' (1 к.), доселени се од селото [[Покрвеник]]; ''Латовци'' (2 к.), доселени се од селото [[Покрвеник]]; ''Липовци'' (3 к.), доселени се од селото [[Покрвеник]]; ''Беќаровци'' (1 к.), доселени се од [[Долна Бела Црква]]; ''Дериволовци'' (2 к.), доселени се однекаде; ''Ѓоревци'' (10 к.), доселени се од селото [[Перово]], каде припаѓале на родот ''Иванковци''; ''Лавчани'' (2 к.), доселени се од селото [[Лавци (Ресенско)|Лавци]]; ''Манговци'' (3 к.), доселени се од [[Ресен]]; ''Робановци'' (4 к.), доселени се од [[Прилепско]]; ''Бутевци'' (1 к.), доселени се однекаде; ''Касовци'' (3 к.), доселени се однекаде; ''Питалевци'' (2 к.), доселени се однекаде; ''Белоцрквенец'' (1 к.), доселени се од [[Долна Бела Црква]]; ''Магловци'' (3 к.), доселени се од селото [[Перово]], таму се род со ''Царовци''; ''Албанец'' (1 к.), доселени се во 1936 година од [[Туминец]] во [[Мала Преспа]]; ''Ѓорговци'' со ''Петковци'', ''Мушаревци'' и ''Кондевци'' (18 к.), доселени се одамна однекаде и ''Калевци'' (1 к.) и ''Ѓештаковци'' (4 к.), доселени се од селото [[Туминец]]. |
* '''Доселеници:''' ''Вецовци'' (4 к.), по потекло се од селото [[Горна Горица|Горица]] во [[Мала Преспа]]. Од таму се иселиле во [[Стење]], па по некое време прешле во Дрмени; ''Таневци'' (8 к.), доселени се одамна од селото [[Ѓавато (Битолско)|Ѓавато]] кај [[Битола]]; ''Филиповци'' (2 к.), доселени се од селото [[Шурленци]]; ''Пепелашовци'' со ''Потревци'' и ''Јошевци'' (3 к.), доселени се од селото [[Шурленци]]; ''Папазовци'' (1 к.), доселени се во 1930-тите од селото [[Скребатно]] кај [[Охрид]]; ''Крагујаовци'' или ''Каракотевци'' и ''Клинчаровци'' (4 к.), доселени се однекаде; ''Несторовци'' (23 к.), доселени се одамна однекаде; ''Чабиловци'' (1 к.), доселени се од селото [[Покрвеник]]; ''Латовци'' (2 к.), доселени се од селото [[Покрвеник]]; ''Липовци'' (3 к.), доселени се од селото [[Покрвеник]]; ''Беќаровци'' (1 к.), доселени се од [[Долна Бела Црква]]; ''Дериволовци'' (2 к.), доселени се однекаде; ''Ѓоревци'' (10 к.), доселени се од селото [[Перово]], каде припаѓале на родот ''Иванковци''; ''Лавчани'' (2 к.), доселени се од селото [[Лавци (Ресенско)|Лавци]]; ''Манговци'' (3 к.), доселени се од [[Ресен]]; ''Робановци'' (4 к.), доселени се од [[Прилепско]]; ''Бутевци'' (1 к.), доселени се однекаде; ''Касовци'' (3 к.), доселени се однекаде; ''Питалевци'' (2 к.), доселени се однекаде; ''Белоцрквенец'' (1 к.), доселени се од [[Долна Бела Црква]]; ''Магловци'' (3 к.), доселени се од селото [[Перово]], таму се род со ''Царовци''; ''Албанец'' (1 к.), доселени се во 1936 година од [[Туминец]] во [[Мала Преспа]]; ''Ѓорговци'' со ''Петковци'', ''Мушаревци'' и ''Кондевци'' (18 к.), доселени се одамна однекаде и ''Калевци'' (1 к.) и ''Ѓештаковци'' (4 к.), доселени се од селото [[Туминец]]. |
||
Ред 148: | Ред 148: | ||
== Иселеништво == |
== Иселеништво == |
||
Ова село било едно од најпечалбарските села во [[Преспа]]. Од селото има иселеници во [[Соединети Американски Држави|САД]] (16 семејства), [[Бугарија]] (5 семејства), [[Турција]], [[Аргентина]] (6 семејства), [[Канада]], [[Скопје]], [[Србија]], [[Ресен]], [[Битола]], [[Куба]] и во [[Австралија]].<ref name=":0" /> |
|||
Бројот на иселени лица од Дрмени во дијаспората изнесува неколку стотици луге. |
|||
== Наводи == |
== Наводи == |
Преработка од 10:48, 29 август 2020
Дрмени | |
Куќи во селото | |
Координати 41°01′57″N 20°59′54″E / 41.03250° СГШ; 20.99833° ИГД | |
Регион | Предлошка:Грбови |
Општина | Ресен |
Област | Горна Преспа |
Население | 416[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 7315 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 23011 |
Надм. вис. | 842 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Дрмени на општинската карта Атарот на Дрмени во рамките на општината | |
Дрмени на Ризницата |
Дрмени — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.
Потекло на името
Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е етничко, образувано со помош на наставката „-ени“ и потекнува од апелативот „дрм“, што означува грмушкасто растение, што се совпаѓа со преданието на мештаните. Меѓутоа, постојат размислувања дека името доаѓа од некогашниот стационар на војските и нивните коњи во близина на Царев Двор, а кој се наоѓал на положбата на денешното село, па името на селото е добиено од грчкиот збор за пат и хиподром.[3]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на Преспанската Котлина, на територијата на Општина Ресен, непосредно до патот Ресен-Отешево и северно од Преспанското Езеро.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 858 метри. Од градот Ресен е оддалечено околу 7,5 километри.[4]
Дрмени се наоѓа на околу три километри северно од брегот на Големото Преспанско Езеро, од десната страна на регионалниот пат Битола-Корча, во средишниот дел на Ресенското Поле. Низ атарот на селото тече Дрменска, а западно од селото и Стипонска Река, кои во летниот период целосно пресушуваат.[3]
Дрмени е село од собран тип со 210 куќи, сите обновени или новоизградени, од блок, тула и вар, на приземје и кат, преовладуваат белите фасади, а внатре современо опремени. Околу куќите постојат разновидно оградени дворни места во кои се изградени стопански и други објекти (гаражи, магацини, летни кујни и др.) и парцели на зеленчукови, овошни и цветни градини. Според самата групираност на куќите може да се подели на четири маала: Меровско, Ѓоревско, Таневско и Несторовско. Со вода за пиење се снабдуваат од бунари и хидрофори.[3]
Дрмени се граничи со следниве села: со Стипона и Горно Дупени на север, со Езерани и Царев Двор на исток и североисток, со Перово на југ и југозапад и на запад со селото Лавци.[3]
Месности во атарот на селото се следниве: Амбак, Абишев Дол, Бојчевски Рамник, Вис, Горно Перово, Голобрник, Газоиште, Глувчарник, Горни Лозја, Долно Лапче, Долна Певчона, Дервишко, Долни Лозја, Дрмени, Езеро, Јадри Трн, Кучебан, Кај Брест, Ливадјето, Ливаичко Речиште, Лазот, Малине Делои, Локва, Манастирка, Нестороски Лозја, На Камен, Најчеслук, Плитник, Патичка, Под Црква, Перовски Ливадје, Ралеец, Рамник, Слатина, Стипонка, Скендерица, Средни Пат, Старо Село, Турски Гробишта, Трската, Танев Гроб, Ќерамидница, Џаде, Шајкојца, Широка Ледина, Шамаците, Шајница и други.[3]
Селото добило задружен дом во 1949 година, електрична енергија во 1951 година, систем за наводнување во 1957 година, телевизиски прием во 1965 година, асфалтен пат во 1975 година, а со телефонски приклучоци во 1988 година.[3]
Историja
Нема сознанија, ниту пак други податоци, дека селото некогаш се наоѓало на друга местоположба.[3]
Дрмени е старо мешано село во кое секогаш живееле православни Македонци и муслимански Турци. Под различен облик на денешното име (Дармени, Дермени и Дрмени) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди. Најрано е споменато во турските пописни дефтери од 1519 година.[3]
Во XIX век, Дрмени се наоѓало во Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.
До 1912 година, Дрмени било под турска власт, а со тоа и беговски чифлик. Во текот на подготовките за Илинденското востание учествувало со своја востаничка чета. Како познат војвода од ова село се споменува Спиро Олчев. Во текот на востанието загинале 3 жители.[3]
Во Првата балканска војна (ноември 1912 г.), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна (октомври 1915 г.) под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, дрменци биле мобилизирани во војските на спротивставените страни.[3]
По завршувањето на Првата светска војна, Дрмени повторно се нашло под српска власт. Во периодот помеѓу двете светски војни, Дрмени било во состав на општината Царев Двор.[3]
Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Во текот на војната загинале тројца жители.[3]
Во почетокот на 1940 година во Дрмени била создадена ќелија на КПЈ, а во 1941 година младински актив, а во јули 1943 година и НОО.[3]
Стопанство
Атарот е мал и зафаќа простор од 4,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина 409,1 хектар, пасиштата заземаат 16,8 хектари, додека шумско земјиште нема.[4]
Селото, во основа, има полјоделска функција, претежно со овоштарски насада на јаболка.[4]
Мештаните се занимавале со полјоделство и сточарство. До 1960-тите години најмногу се сеело жито (’рж, пченица, јачмен, овес, уров, просо и пченка), се саделе градинарски култури (пипер, домати, лук, кромид, праз, компири, зелка, грав, бостан и друго). Неговаш се одгледувале и лозја, тутун и јаболка. Во рамките на сточарството се одгледувале овци, волови, крави, биволи, свињи и друго. Денес, многумина се вработени во претпријатија.[3]
Доста се одело и на печалба.[3]
Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Дрмени е посочено како село со 100 домаќинства и 275 жители, од кои 190 муслимани и 85 христијани.[5]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година во селото имало 640 Македонци, од кои 415 христијани и 225 муслимани.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дрмени имало 664 Македонци под врховенството на егзархијата.[7]
Дрмени е релативно големо село, коешто во 1961 година броело 822 жители, од кои 99 биле Турци, а другите Македонци, а во 1994 година бројот се намалил на 460 жители, од кои 447 Македонци и 13 жители Турци.[4]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Дрмени живееле 416 жители, од кои 404 Македонци и 12 Турци.[1] Бројот на турско население во селото никогаш не бил поголем од 100.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 640 | 664 | 802 | 864 | 822 | 810 | 774 | 849 | 460 | 416 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Дрмени е македонско-турско село.[3]
- Македонски родови: Белешовци, Беќаровци, Бутевци, Волчевци, Вецовци, Гелејчевци, Гошаревци, Гештаковци, Дериволовци, Ѓоревци, Каракотевци, Касовци, Колевци, Липовци, Лавчани (доселени од селото Лавци), Љатевци, Меровци, Рабановци, Таневци, Филиповци, Цуцевци, Шарентрајковци и Шутурковци.
- Турски родови: Асановци, Бекташовци, Демирчевци, Иљазовци, Керимовци и Реџовци.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:[12]
- Доселеници: Вецовци (4 к.), по потекло се од селото Горица во Мала Преспа. Од таму се иселиле во Стење, па по некое време прешле во Дрмени; Таневци (8 к.), доселени се одамна од селото Ѓавато кај Битола; Филиповци (2 к.), доселени се од селото Шурленци; Пепелашовци со Потревци и Јошевци (3 к.), доселени се од селото Шурленци; Папазовци (1 к.), доселени се во 1930-тите од селото Скребатно кај Охрид; Крагујаовци или Каракотевци и Клинчаровци (4 к.), доселени се однекаде; Несторовци (23 к.), доселени се одамна однекаде; Чабиловци (1 к.), доселени се од селото Покрвеник; Латовци (2 к.), доселени се од селото Покрвеник; Липовци (3 к.), доселени се од селото Покрвеник; Беќаровци (1 к.), доселени се од Долна Бела Црква; Дериволовци (2 к.), доселени се однекаде; Ѓоревци (10 к.), доселени се од селото Перово, каде припаѓале на родот Иванковци; Лавчани (2 к.), доселени се од селото Лавци; Манговци (3 к.), доселени се од Ресен; Робановци (4 к.), доселени се од Прилепско; Бутевци (1 к.), доселени се однекаде; Касовци (3 к.), доселени се однекаде; Питалевци (2 к.), доселени се однекаде; Белоцрквенец (1 к.), доселени се од Долна Бела Црква; Магловци (3 к.), доселени се од селото Перово, таму се род со Царовци; Албанец (1 к.), доселени се во 1936 година од Туминец во Мала Преспа; Ѓорговци со Петковци, Мушаревци и Кондевци (18 к.), доселени се одамна однекаде и Калевци (1 к.) и Ѓештаковци (4 к.), доселени се од селото Туминец.
Општествени установи
- Основно училиште „Мите Богоевски“, подрачно основно училиште до V одделение во склоп на ОУ „Мите Богоевски“ - Ресен
Со своја прва училишна зграда селото се здобило во 1948 година.[3]
- Селски дом
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Царев Двор, во која покрај селото Дрмени, се наоѓале и селата Волкодери, Горно Дупени, Евла, Коњско, Лавци, Лескоец, Отешево, Перово, Покрвеник, Прељубје, Стење, Стипино, Царев Двор и Шурленци. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Царев Двор, во која влегувале селата Горно Перово, Долно Перово, Дрмени и Царев Двор.
Изборно место
Во селото постои изборното место бр. 1663 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 366 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[15]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена во 1871 година;
- Црква „Св. Петка“ — мала црква на неколку киломентри од селото, изградена неодамна.
- Џамии[15]
- Џамија — селска џамија, обновена во 1980 година
- Споменици
- Спомен-плоча од НОБ
- Реки
- Дрменска Река — се влева во езерото источно од црквата
- Стипонска Река — се влева во езерото западно од селото
Редовни настани
- Селска слава
Личности
- Родени или потекло од Дрмени
- Спиро Олчев (1870-1954) — револуционер
- Крсте Стојанов (1880-1905) — печатар и револуционер
Култура и спорт
Иселеништво
Ова село било едно од најпечалбарските села во Преспа. Од селото има иселеници во САД (16 семејства), Бугарија (5 семејства), Турција, Аргентина (6 семејства), Канада, Скопје, Србија, Ресен, Битола, Куба и во Австралија.[12]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јуни 2020.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 104–109. ISBN 9789989920554. Посетено на 6 јуни 2020.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 116. Посетено на 6 јуни 2020.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 241.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 170-171.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 7 јуни 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 7 јуни 2020.
- ↑ 15,0 15,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.