Туминец
Туминец Тuminec / Kallamas | |
---|---|
село | |
Поглед на Туминец преку заливот Завир | |
Земја | Албанија |
Област | Горица |
Општина | Пустец |
Општ. един. | Пустец |
Надм. вис. | 850 м |
Население (2007) | |
• Вкупно | 950−1.000 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Туминец (албански: Kallamas, но офиц. Tuminec) — село во Мала Преспа, денес во општината Пустец од Горичката област, Албанија. Се проценува дека селото има 950-1000 жители (проц. 2007),[1] што претставува значителен пораст од заведените 658 жители во 2000 г.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, а на северниот брег на заливот Завир. Сместено е недалеку од граничниот премин „Стење-Горица“, иако најблиското село во Македонија е Коњско, со кое го дели истиот полуостров. Туминец е второ село по големина во Мала Преспа со околу 800 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Ова е релативно ново село. Порано имало друго, Старо Село, што се наоѓало јужно од сегашното, но поради надоаѓањето на водата, селото било потопено. Уште понајуг се наоѓа манастирот „Св. Марена“ — единствена црква посветена на оваа светица. Жителите на ова село се староседелци, и сите се Македонци со православна вероисповед.
Некаде по Втората светска војна, селото е преименувано во Безмиште (Bezmisht). Во 1970 г. му е дадено ново албанско име Каламас (Kallamas), изведено од поимот kallam што значи „трска“[2]. Во 2013 г. е повратено изворното име Туминец (Tuminec) со официјалниот повраток на топонимијата во општината Пустец.[3]
Економија
[уреди | уреди извор]Населението од Туминец се занимава со риболов, сточарство, земјоделство, лозарство и правење ќумур.
Демографија
[уреди | уреди извор]Населението брои 800. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед.
Родови
[уреди | уреди извор]Во селото живеат православни Македонци од следните родови:
|
|
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Бело, Раки. Селищни имена в Мала Преска - Албания, во: Македонски преглед, ХХХ, №3, стр.135.
- ↑ kallam,-i, Албанско-македонски речник — офф.нет
- ↑ „Pas Pustecit, edhe 7 fshatra të Korçës me emertime maqedonase“. Info Arkiv. 17 април 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 29 октомври 2016.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Туминец“ на Ризницата ? |
- Македонците го пошумија дворот на манастирот „Света Марена“ во Туминец[мртва врска]
- Откриена неолитска населба кај Туминец, Мала Преспа
- Традиционално македонско пеење од Мала Преспа, с. Туминец
- Откриени уникатни записи на византиско нотно писмо во Туминец Архивирано на 11 септември 2011 г.
- ФК Туминец победник на традиционалниот фудбалски турнир „Преспа” 2010
|