Прејди на содржината

Македонско радио 1: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Отповикано Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1: Ред 1:
'''РадиоскопијеМакедонско радио 1 — Радио Скопје''' или само '''Радио Скопје''' — првата програма на Македонското радио кое е во склоп на [[Македонска радио-телевизија|Македонската радио-телевизија]]. Емитува образовни, музички, забавни и информативни емисии. На овој канал секојдневно се емитува Пладневниот весник во 15:30 како и Прес 19. Првата програма на Македонското радио се слуша во цела [[Македонија]] како и во соседните држави каде има [[Македонци]]: [[Грција]] поточно [[Егејска Македонија]], [[Мала Преспа]] и [[Голо Брдо]] во [[Албанија]], [[Бугарија]] како и во [[Србија]] и на [[Косово]]. Првата програма на Македонското радио може да се слуша и преку интернет како и на сателит.
{{Инфокутија Радио станица
| над = Македонско радио 1 — Радио Скопје
| име = Радио Скопје
| радио_код =
| лого = Logo of Macedonian Radio 1 (2012-).svg
| големина_лого = 200п
| лого_алт = МР 1
| опис_лого =
| слика =
| големина_слика =
| слика_алт =
| опис_слика =
| град = [[Скопје]]
| зона = {{МКД}}
| честоти = {{мали|'''(Скопје)'''}}<br />FM 98,9 MHz<br />FM 97,3 MHz<br />DAB+ 11C {{мали|(220.352 MHz)}}
| рдс = [[Податотека:MRA Radio Skopje - RDS Crn Vrv.gif]] {{мали|(Црн Врв)}}<br />[[Податотека:MRA Radio Skopje - RDS Skopje.gif]] {{мали|(Водно)}}
| марка =
| слоган =
| јазик = [[Македонски јазик|македонски]]
| фромат =
| подканал =
| мрежа = [[Македонска радио-телевизија]]
| припадност =
| сопственик = [[Македонска радио-телевизија]]
| оператор =
| сестрински_канали = {{МРА/Сервиси}}
| основано = [[1944]]
| прво_емитување = [[2 август]] [[1944]]
| последно_емитување =
| поранешни_радио_кодови =
| поранешни_честоти =
| регулаторно_тело = [[Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги|АВМУ]]
| интенет_пренос = {{URL|https://play.mrt.com.mk/live/47|play.mrt.com.mk}}
| мрежно_место = {{URL|https://mrt.com.mk/|mrt.com.mk}}
}}

'''Македонско радио 1 — Радио Скопје''' или само '''Радио Скопје''' — првата програма на Македонското радио кое е во склоп на [[Македонска радио-телевизија|Македонската радио-телевизија]]. Емитува образовни, музички, забавни и информативни емисии. На овој канал секојдневно се емитува Пладневниот весник во 15:30 како и Прес 19. Првата програма на Македонското радио се слуша во цела [[Македонија]] како и во соседните држави каде има [[Македонци]]: [[Грција]] поточно [[Егејска Македонија]], [[Мала Преспа]] и [[Голо Брдо]] во [[Албанија]], [[Бугарија]] како и во [[Србија]] и на [[Косово]]. Првата програма на Македонското радио може да се слуша и преку интернет како и на сателит.


== Историја ==
== Историја ==

Преработка од 05:57, 23 мај 2024

РадиоскопијеМакедонско радио 1 — Радио Скопје или само Радио Скопје — првата програма на Македонското радио кое е во склоп на Македонската радио-телевизија. Емитува образовни, музички, забавни и информативни емисии. На овој канал секојдневно се емитува Пладневниот весник во 15:30 како и Прес 19. Првата програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија како и во соседните држави каде има Македонци: Грција поточно Егејска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија, Бугарија како и во Србија и на Косово. Првата програма на Македонското радио може да се слуша и преку интернет како и на сателит.

Историја

Зградата на Радио Скопје до земјотресот во 1963

Во мугрите на слободата на македонскиот народ, по вторпат беше отворено Радио Скопје во разурнатото Скопје, точно месец и пол од неговото ослободување, во етерот се разнесе првиот македонски збор изговорен низ воздушниот простор на слободната татковина: „ЗБОРУЕ РАДИО СКОПЈЕ".

Уште во август 1944 година Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија ја постави задачата пред современиот македонски писател и истакнат борец во Народно-олободителната војна, Владо Малески - Тале, да се зафати со создавање и работа на првата македонска радиостаница во слободната татковина. За оваа цел се издвојувани од првите борбени редови техничари и новинари и се испраќани во Горно Врановци на нови задачи. Програмската и новинарската активност ја презеде врз себе Владо Малески, а техничката страна Васко Петковски, одговорен офицер за техника при Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија.

Борците техничари Боро Димитровски и Владо Стојчевски, со помош на други технички кадри, забрзано работеа врз оспособување на запленетата воена радиостаница и врз нејзина преадаптација. Поради недостиг на соодветни технички материјали и резервни делови задачата тешко и бавно се реализираше. По ослободувањето на Скопје заедно со други значајни објекти беше разурната и радиостаницата, изградена непосредно пред војната. Беа уништени техничките средства за емитување на програмата, беше испокршен дискотечниот фонд на поранешната радиостаница, a зградата онеспособена за работа. Катастрофално беше и во Маџари каде што столбот, зградата и предавателната техника во неа беа целосно уништени. И повторно од воените единици започна прибирањето технички кадри кои во воената команда во главниот град на Републикава изготвуваа технички планови, како од воениот трофеј да оспособат што посилна радиостаница во слободната татковина. Експериментите започнаа со една француска воена радиостаница на кратки бранови. Радио техничарите Крсто Ристевски, Александар Грков, Ефтим Митовски, Марко Плавевски, Перо Ристовски, Димче Петровски, Тодор Џартов и Стефан Ќосевски, подоцна со успех оспособија радиопредавател од американско потекло „СЦР" од 20 вати.

Новиот предавател успешно стартуваше од куполата на Офицерскиот дом во Скопје. Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија кон крајот на декември 1944 година се подготвуваше за Второто заседание, сега во слободната татковина, во зградата каде што и денес се наоѓа Собранието. Владо Малески му предложи на Президиумот на Собранието смела идеја - Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија да се пренесува директно преку Радио Скопје. Тоа беше нов предизвик, но и грижа како да се поврзе кабелски салата од каде што требаше да се врши преносот. Недостигаа стотици метри кабли кои не можеа да се најдат во Македонија. Беше најдено решение радиостаницата да се премести од Офицерскиот дом на покривот на Собранието на Македонија и од таму да се врши пренос од заседанието. По неколкудневна работа сè беше готово од технички аспект.

Денот на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ е определен 28 декември 1944 година. Во еден дел на собраинската сала, зад микрофонот, многу возбуден, според сопственото сведочење, се наоѓаше Владо Малески во исчекување да започне собирот.

Секој миг во салата се очекуваше доаѓањето на првиот претседател на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, Методија Андонов Ченто. Тогаш Владо Малески го започна своето јавување. Низ етерот, за првпат во ослободената татковина, се пренесоа зборовите на македонски јазик:

Владо Малески ги изговара првите зборови во Македонскиот етер

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје, Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија..."

По уводното репортерско јавување за значењето на Собранието и за точките што ќе ги разгледува, Владо Малески го најави настапот на Методија Андонов Ченто. По поздравите до сите присутни на Собранието, тој им се заблагодари на сите оние што со натчовечки напори овозможија низ етерот да се слушне македонскиот јазик, како и одлуките на Второто заседание.

Наводи

Надворешни врски

Слушај online Архивирано на 26 април 2020 г.