Прејди на содржината

Комплетна (списание)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Комплетна

Комплетна е списание на издавачката куќа НАМ, од Скопје.

Првиот број на КОМПЛЕТНА излезе во декември 1996. Идејата од која тргнала оваа издавачка куќа кога ја создавале КОМПЛЕТНА била дека ако човек не ја искористи дарбата која му е дадена, тогаш залудно го потрошил животот.

Слоганот на списанието е "Моја комплетна инспирација", ја опишува нивната главна цел, а тоа е предадено и преку текстовите со кои сакаат да ја разбудат фантазијата и да ја поттикнат инспирацијата кај нивните читателки. Да им помогнат да се пронајдат себеси, да го отктијат својот талент, интерес, желба, цел во животот.

Да ги охрабрат со позитивни примери и мотивирачки теми. Да ги потикнат да тргнат во пресрет на својата цел - со дух, страст и енергичност во животот. Списанието е наменето на современите жени, кои истовремено се и мајки и сопруги и деловни жени, со сè поголеми барања и очекувања. Во трката на современото живеење КОМПЛЕТНА се труди да им помогне на жените во различни области на животот: врски, меѓучовечки односи, мајчинство, здравје, убаво однесување и позитивно размислување.

Погледнете исто така

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]