Прејди на содржината

Мајк Тајсон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Dxar (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
с Бот Додава: gl:Mike Tyson
Ред 44: Ред 44:
[[fi:Mike Tyson]]
[[fi:Mike Tyson]]
[[fr:Mike Tyson]]
[[fr:Mike Tyson]]
[[gl:Mike Tyson]]
[[he:מייק טייסון]]
[[he:מייק טייסון]]
[[hr:Mike Tyson]]
[[hr:Mike Tyson]]

Преработка од 03:57, 23 септември 2009

Предлошка:Инфокутија боксер

Мајкл Џерард „Мајк“ Тајсон, исто познат и како Малик Абдул Азис, (роден 30 Јуни,1966) е поранешен американски боксер. Тој несомнено е еден од најголемите шампиони во тешка категорија и се уште останува рекордер како најмлад носител на титули во WBC, WBA и IBF. Тој го освои светската титула во бокс на само 20 години. Низ неговата кариера, Тајсон стана многу познат и по своето контраверзно однесување како внатре, така и надвор од рингот.

Познатиот „Детски динамит“, „Железниот Мајк“ и „Најлошиот човек на планетата“, Тајсон ги победи неговите 19 професионални борби со нокаут, од кои 12 во првата рунда. Тајсон беше апсолутен шампион во тешка категорија кога го победи Тревор Бербик (Технички нокаут, 2), Џејмс Смит (на поени, 12 рунди), Тони Такер (на поени, 12 рунди) и Мајкл Спинкс (нокаут, 1). Тајсон беше особено импресивен во борбите против Спинкс, кој беше недопирлив на врвот во светскиот бокс, се додека Тајсон не го победи. Тајсон прв пат ја загуби титулата шампион во тешка категорија кога загуби во 42 меч, од Џејмс Даглас во 11 Февруари, 1990 година, Токио, со нокаут во 10 рунда.

Во 1992, Тајсон беше обвинет за силување во Вашингтон, пораи што отслужи три години во затвор. Кога беше ослободен од затвор во 1995, тој направи неколку камбекови со серија на борби. Тој си ја врати титулата во тешка категорија, пред да изгуби од Ивандер Холифилд во 1996, со технички нокаут во 11 рунда. Нивниот реванш со шокантна завршница, заврши со дисквалификација на Тајсон заради гризнување на дел од увото на Холифилд. Тајсон повторно беше предизвикувач за светската титула на 35 години, но загуби од Ленокс Луис во 2002. Тајсон конечно се повлече од компетитивниот бокс во 2005 година по два последователни порази со нокаут од Дени Вилијамс и Кевин Мекбрајд.

Тајсон банкротираше во 2003 година, иако заработи 30 милиони американски долари за борбите и 300 милиони американски долари за време на кариерата. Тој е рангиран како број 16 на листата, на Ринг магазинот за најдобрите 100 борци на сите времиња.