Нокаут
Нокаут | |
---|---|
Нокаут | |
Основни податоци | |
Потекло | Скопје, Република Македонија |
Жанр(ови) | Поп, Рок |
Години на активност | 1997 - 2003 2006 - сега |
Мрежно место | http://www.nokaut.mk |
Членови | Никола Перевски – Пере Благој Антовски Горјан Петровски Бојан Перевски Борче Кузмановски Виктор Николовски Горан Кавраков |
Поранешни членови | Владимир Крстевски – Франц Кирил Колемишевски |
Нокаут е музичка група од Скопје, Македонија, формирана во 1997 година, а реоформена во 2006 година. Основач на бендот е Никола Перевски – Пере кој со поддршка на Дарко Димитров и покана на Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски - Франц го формираа првиот состав на „Нокаут“. По неколку години пауза (2003-2006) Нокаут повторно се активирале во проширен и изменет состав. Покрај Франц и Пере влегуваат и членовите Благоја Антовски (тапани), Горјан Петровски (гитара), Бојан Перевски (перкусии), Борче Кузмановски (клавијатура), Виктор Николовски (бас гитара) и Луај Реџепов (гитара).
Фестивали и награди
[уреди | уреди извор]Добитници се на наградите „Тинејџерска атракција“ во 1998, кога се и прогласени за „Група на годината“ две години по ред (1998, 1999). Во 2001 ја добиваат Златната Бубамара за албум и престижната награда како композитор и текстописец „Grand Prix“ на официјалниот избор за Евровизија на Скопскиот фестивал во 2002 година со песната „Од нас зависи“ во изведба на Каролина Гочева. Учествувале во повеќе турнеи, издвојувајќи ги “Сакам Скопско“, “Македонски Телекомуникации“, “Мис на Македонија“, "B.U.perfume" итн... Добитници на „Златната бубамара на популарноста“ 2011/2012 година за концерт на годината.[1]
Во 2020, Нокаут победи на Макфест со песната "Сакам да живеам".
Концерти
[уреди | уреди извор]На 17 декември 2014 година, „Нокаут“ одржале концерт во Универзалната сала во Скопје. Концертот започнал со песната „Фатална опсесија“, еден од првите хитови на групата, изведен на фестивалот „Макфест“ во 1997 година, а следувала песната „Танго“ со која се претставиле на истиот фестивал во 2014 година. Премиерно, била изведена песната „Понекогаш“, а концертот завршил со песните „Илјада причини за крај“ и „Ти си проблем“, која оригинално ја исполнувала групата „Студени нозе“. Инаку, на концертот гостувале и раперот Тони Зен, Владимир Поп-Христов од групата Д.Н.О., и Игор Џамбазов.[2]
Соработки
[уреди | уреди извор]Соработувале со голем број познати јавни лица и музичари од нашата естрада како Дарко Димитров, Тоше Проески, Д.Н.О, Ареа, Принц, Каролина Гочева, Дарко Митревски, Бане Поповиќ, Дарко Гелев – Брејк, Игор Џамбазов, Ристо Вртев, Мартин Трпчевски, Зорица Црношија, Тони Михајловски, Авалон Продукција и други.
Спонзори
[уреди | уреди извор]Пере и Франц се заштитни лица на Шкода Roomstеr.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Албуми
[уреди | уреди извор]- „Нокаут“ (1997)
- „До последен здив“ (2001)
- „Три“ (2014)
Синглови
[уреди | уреди извор]- „ABC“
- „Фатална опсесија“
- „Временска машина“
- „Би се викал те сакам“
- „Телефонскиот број не постои“
- „Илјада причини за крај“
- „Мене ми припаѓаш“
- „Позитивно“
- „Радувај се со мене“
- „Трип“
- „Ноември“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.mmm.com.mk/?ItemID=5AD63037F462094A977C66094F76AFAA
- ↑ Ѓорге Стојанов, „Треба да ни дадат оскар за недобивање награди“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 25.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 6 јануари 2017 г.
- Нокаут на YouTube
- Дискографија Архивирано на 6 јуни 2016 г. на Нокаут евидентирана од ВБУ Музички Регистар