Железо
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Железото (Fe, од лат. ferrum) е метал кој денеска од сите метали најмногу се употребува. Во времето кога не се знаело за железо не можело ни да се замисли изработување на алатки, машини, автомобили, па и на железнички пруги. Ако некогаш и постоеле вакви машини, тие биле многу едноставни и направени од дрво, а алатките се правеле од камен и дрво, а покасно од бакар и бронза. Денес од железо се изработуваат многу корисни работи, од игла до локомотива, огромни мостови, бродови и други. Железото се добива со топење на железна руда во високи печки, со височина од преку 30 m.
Топење на железна руда
Во печката се става кокс, потоа железната руда, па се додава песок и варовник, а потоа повторно кокс, па железна руда, па пак песок и варовник и се повторува постапката се додека печката не се наполни. Потоа коксот во печката се пали и поради високата температура железната руда се топи. Песокот и варовникот се прицврстуваат на железото, а тоа бидејќи е потешко од нив се спушта на дното од печката. Работниците кои ја управуваат оваа висока печка повремено од нејзе испуштаат да истече усвитеното железо, па така од печката се тргаат и другите растопени, непотребни остатоци. Додека е запалена печката, таа се дополнува со нов кокс, железна руда, песок и варовник и така не се гаси по неколку години.
Кога усвитеното железо ќе се олади тоа се стврднува, меѓутоа тоа не може да се кова бидејќи е кршливо и ова железо е наречено сирово железо. Има два типа сирово железо – бело и сиво. Белото сирово железо е многу тврдо и од него се прави челик, а од сивото сирово железо се лијат разни делови за машини, печки, дебели цевки, големи железни плочи, тегови и друго. Челикот е многу тврд и силен, па затоа од него се прават разни машини, ножеви, федери, алатки, оружје и друго. Железото е многу важно во човечкиот организам, т.е. се содржи во крвта како хемоглобин.
Оваа статија од областа на хемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA