Прејди на содржината

Договор од Акерман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 17:17, 21 јули 2020; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Договор од Акерман

1826
Потпишан7 октомври 1826
МестоАкерман, денешна Украина
Потписници Османлиско Царство
Русија Руска Империја

Договорот од Акерман бил потпишан на 7 октомври 1826 година меѓу Руската и Отоманското Царство. Според договорот, господарите на Молдавија и Влашка требало да бидат избирани во согласност со двете империи со мандат од седум години. Договорот исто така предвидел и повлекување на османлиските сили од двете дунавски кнежевства. На конвенцијата исто така станало збор и за давање на автономија на Србија. Оваа конвенција на крајот била отфрлена и ја предизвикала Руско-турската војна (1828-1829).