Прејди на содржината

Сервет Авзиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:29, 1 август 2020; направена од Инокентиј (разговор | придонеси) (→‎Животопис: clean up, replaced: date=понеделник, → date=)

Сервет Авзиу (алб. Servet Avziu; Мала Речица 1 октомври 1946) е македонски политички деец, новинар и стопанственик.

Животопис

Авзиу е роден во тетовското село Мала Речица на 1 октомври 1946 година. Завршил Земјоделско-шумарски факултет во Скопје во 1969 година. Бил член и секретар за земјоделство во Извршниот совет на Собранието на Општината Тетово и директор на Центарот за унапредување на индивидуалното земјоделство во Тетово. Извесно време бил новинар во РТВ Скопје и раководител на Претставништвото на ОП „Еренику комерц“– Скопје во Тетово, а потоа (како кандидат на ПДП-НДП) министер без ресор во Владата на Македонија од 1992 година. Бил и амбасадор во Хрватска[1].

Наводи

  1. „Нашите дипломати како институционални сирачиња Вратените амбасадори се тужат со МНР“. Утрински Весник. 16 октомври 2006. Посетено на 2009-10-30.