Слободан Унковски
Изглед
Слободан Унковски | ||
Роден | 17 август 1948 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
---|
Слободан Унковски (Скопје, 17 август 1948) — македонски театарски режисер, универзитетски професор и политичар.
Режисерска кариера
[уреди | уреди извор]Унковски бил режисер на голем број претстави во Македонија и во странство. На 24 септември 2014 година, неговата поставка на драмата „Три сестри“ од Чехов, а во реализација на Градскиот театар „Гавела“ од Загреб, била прикажана во Скопје, во склоп на фестивалот „Млад отворен театар“.[1]
Награди
[уреди | уреди извор]Унковски ги има освоено следниве позначајни награди и признанија:
- Награда 13-ти ноември (1975)
- Награда од "Трибина младих" за млад театарски работник/Стериино позорје (1975)
- Награда 11-октомври (1979)
- Златен венец за режија на претставата "Ослободување на Скопје" (1979)
- Стериина награда за Диво месо (1980)
- Награда за најдобра претстава на МТФ "Војдан Чернодрински" за "Среќна нова '49" (1985)
- Стериина награда за режија на претставата "Кула вавилонска" (1990)
- Награда за претставата "Чернодрински се враќа дома" на МТФ "Војдан Чернодрински" (1992)
- Награда за претставата "Демонот од Дебар маало" на Скупи-фест (2007)
- Награда за најдобра претставата "Три сестри" во Хрватска (2014)
- Награда за претставата "Солун - град на духови" во Сараево (2016)
- Орден за заслуги за Македонија (2024)
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Унковски бил министер за култура во Владата на Република Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Три сестри на Унковски предизвика огромно внимание“, Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 18.
|