Прејди на содржината

Рио 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Рио 2 (англиски: Rio 2) - американски анимиран филм од 2014 година, во режија на Карлос Салдана, кој е автор и на приказната. Филмот претставува продолжение на истоимениот филм од 2011 година. Гласовите ги позајмуваат: Џеси Ејсенберг, Ен Хатавеј, Џејми Фокс, Енди Гарсија итн. Филмот, снимен во продукција на „20 сенчури фокс (Twentieth Century Fox)“ со буџет од 103 милиони долари, трае 101 минута, а премиерата ја доживеал на 11 април 2014 година.[1]

Содржина

Папагалите Блу (гласот на Ејсенберг) и Џуел (гласот на Хатавеј), заедно со своите три деца заминуваат од Рио де Жанеиро, каде што живеат, во џунглата во Амазон, со цел да ги посетат родителите на Џуел. Блу е градска птица, одгледана од луѓето, и никако не може да го поднесе животот во џунглата, а особено доаѓа во судир со строгиот татко на Џуел. Истовремено, тој не знае дека се наоѓа во голема опасност, зашто го следи лошиот какаду Најџел, кој планира да го убие Блу. Незгодите на Блу кулминираат, кога неговото семејство папагали игра фудбал со друго семејство, а Блу си дава автогол, со што неговата екипа е поразена. Меѓутоа, тогаш во џунглата доаѓаат лошите луѓе кои сакаат да ги исечат сите дрва. Додека птиците преплашено бегаат, Блу станува организатор и водач на нивната борба за зачувување на природната средина во која живеат. Во текот на борбата со луѓето, Блу е нападнат од Најџел, но успева да го победи. Притоа, Блу го среќава брачниот пар-научници кои во првиот дел на филмот го пронашле и се грижеле за него. Здружени, научниците и папагалите успеваат да ги победат луѓето од џунглата.[1]

Наводи