Џунгла
Изглед
Џунгла е густа тропска шума распространета на Индискиот Полуостров, во Индокина и на Малајскиот Архипелаг. Во џунглите растат дрва што се високи од 20 до 30 метри. Превладуваат тиково, сандалово, лебно дрво, разни видови палми и друга бујна вегетација, распоредена по катови.
Џунглата како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Џунглата, непосредно или метафорично, се јавува како мотив во уметноста и во популарната култура, како, на пример, во следниве дела:
- „Во оваа џунгла“ (англиски: In This Jungle) — песна на американската хард-кор група Артиклс оф фејт ('Artickes of Faith).[1]
- Браќа од џунглата (англиски: Jungle Brothers) — американска рап-група.[2]
- „Бегај низ џунглата“ (англиски: Run Through The Jungle) — песна на американската рок-група Криденс Клирвотер Ривајвал (Creedence Clearwater Revival)“ од 1970 година.[3]
- „Заглавен во џунглата“ (англиски: Stranded In The Jungle) — песна на американската рок-група New York Dolls.[4]
- „Земја на џунглата“ (англиски: Jungleland)“ — песна на американскиот рок-музичар Брус Спрингстин од 1975 година.[5]
- „Бетонска џунгла“ (англиски: Concrete Jungle) — песна на англиската рок-група Спешлс (The Specials).[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ DISCOGS, Articles Of Faith – Complete Vol. 1 1981-1983 (пристапено на 24.6.2021)
- ↑ Discogs, Jungle Brothers (пристапено на 30 март 2021)
- ↑ Creedence Clearwater Revival – Cosmo's Factory (пристапено на 23.12.2017)
- ↑ Discogs, New York Dolls – In Too Much Too Soon (пристапено на 16.5.2023)
- ↑ YouTube, Bruce Springsteen - Born To Run (1975) - Full Album (пристапено на 3.11.2017)
- ↑ YouTube, The Specials FULL ALBUM (пристапено на 12.10.2017)
Оваа статија за екологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |