Кара Јусуфлар Маала
Кара Јусуфлар Маала Κρυονέρι | |
---|---|
Координати: 40°23′N 23°5′E / 40.383° СГШ; 23.083° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Нова Пропонтида |
Општ. единица | Каликратија |
Надм. вис. | 130 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кара Јусуфлар Маала (познато како и Кара Јусуфлар; грчки: Κρυονέρι, Крионери[1]) — поранешно село во Касандриско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нова Пропонтида во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во денешниот атар на селото Атманџали, од кое било оддалечено околу 3 км, западно од гратчето Полигеро, на надморска височина од 130 м.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Кара Јусуфлар Маала било турско село во Касандриската каза на Солунскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 60 жители Турци.[2]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 60 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 47 лица.[1]
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 48 бегалци, така што селото станало бегалска населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Крионери (Κρυονέρι), во превод „студена вода“.[1]
За време на Граѓанската војна (1947 - 1949) селото наполно настрадало и било напуштено од своите жители и не било обновено, а подоцна било избришано од евиденција.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 373.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 172. ISBN 954430424X.
|