Нова Мудања
Нова Мудања Νέα Μουδανιά | |
---|---|
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Нова Мудања | |
Координати: 40°14.19′N 23°16.53′E / 40.23650° СГШ; 23.27550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Нова Пропонтида |
Општ. единица | Мудања |
Надм. вис. | 20 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 9.342 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Нова Мудања или само Мудања (грчки: Νέα Μουδανιά, Неја Мудања) — гратче во Касандриско, Егејска Македонија, денес седиште на општината Нова Пропонтида на Халкидичкиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 9.342 жители (2011). Основано е од грчки дојденци во 1920-тите.
Географија
[уреди | уреди извор]Нова Мудања е сместена на источниот брег од Солунскиот Залив, југозападно од Полигеро, на влезот од полуостровот Касандра.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Ова неселено место за првпат е забележано во пописот од 1920 г. како Карги Лимани (Чавкино Пристаниште) со 168 жители, од кои 100 мажи, што значи дека се работело за место на пристанишни работници и рибари.[2] Официјално е прогласено за село во 1922 г. кога почнале да се носат грчки доселеници од Мудања во Мала Азија. Во 1928 г. местото веќе имало 1.238 жители.[2] Селото било уредено, заменувајќи ги поранешните неуредни пристанишни постројки со уредено пристаниште и туристички капацитети, поради што доживеало поголем раст од сите други крајбрежни населби во околината. Во 1940 г. во Нова Мудања се попишани 2.296 жители. Во 1980-тите веќе станало гратче, надминувајќи 4.000 жители и продолжило да се развива. Во 2000-тите надминало 6.000 жители, а во 2011 населението пораснало на 9.342 лица.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.296 | 2.600 | 2.600 | 3.146 | 4.124 | 4.403 | 6.475 | 9.342 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население се занимава со риболов, трговија, земјоделство и свиларство — занает кој бегалците го довеле со себе од Мала Азија. Денес Нова Мудања е најдинамичниот град во западниот дел на полуостровот и е важно одморалиште со бројни туристи. Во средината на јули се одржува Фестивал на сардината.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 374.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Нова Мудања на Ризницата ?
|