Сукцесија
Сукцесија (од латински: succesio — предавање, наследување) — последователна неповратна и закономерна смена на една биоценоза со друга при определено учество на животната средина.
Теоријата на сукцесијата првично ја разработувале фитоценолозите, но потоа нашироко ја користеле и други еколози. Една од првите теории на сукцесијата е онаа на Фредерик Клементс, која ја развил Владимир Николаевич Сукачев, а по него и Станислав Михајлович Разумовскиј.
Поимот е воведен од Клементс за да ги означи промените со текот на времето што им се случуваат на заедниците, притоа образувајќи сукцесиски ред (серија), каде било која преодна етапа (сериска заедница) формира услови за развиток на наредната. Состојбата кога условите во заедницата се избалансирани со оние во средината, Клементс ја нарекол климакс. Единствен признак на климакс во смисла на Клементс-Разумовската теорија е отсуството на внатрешни причини кои би предизвикале промена (сукцесија). Времето на постоење на заедницата во никој случај не може да се јави како еден од признаците.
Иако овоие поими воведени од Клементс се нашироко користени, постојат две принципиелно различни парадигми во рамките на кои тие добиваат различна смисла: континуализам и структурализам. Приврзаниците на структурализмот ја развиваат теоријата на Клементс, додека приврзаниците на континуализмот во принцип ја отфрлаат реалноста на заедниците и сукцесиите, сметајќи ги за стохастички појави и процеси (поликлимакс, климакс-континуум). Во овој случај, процесите кои протекуваат во екосистемите се упростуваат до заемодејства помеѓу видовите, кои се одвиваат по случаен образец, и со абиотичката средина. Парадигмата на континуализмот најпрво била создадена од совесткиот фитоценолог Леонтиј Григоревич Раменскиј и независно од него и од американскиот фитоценолог Хенри Глисон.
Класификација
[уреди | уреди извор]Постојат различни класификации на сукцесиите. Една од нив е онаа која ги дели сукцесиите по:
- големината на временскиот период во кој се јавуваат;
- повратноста (повратни и неповратни);
- степенот на постојаност на процесите (постојани и непостојани);
- потеклото (првични и вторични);
- тенденцијата за измена на продуктивноста (прогресивни и регресивни);
- тенденцијата за измена на видовото богатство (прогресивни и регресивни);
- антропогеноста (антропогени и природни);
- карактерот на измените (автотрофни и хетеротрофни).
Во зависност од целта на истражувачот, можат да се создадат и други класификации на сукцесиите основани на логика, а нивниот број може да се зголемува до бесконечност.
Сукцесиите од еден друг аспект можат да се поделат на две основни групи: ендогени, кои настануваат како резултат на функционирањето на самата заедница и егзогени, кои произлегуваат од надворешни влијанија.
Првични сукцесии
[уреди | уреди извор]Доста познат пример на примарна сукцесија е населувањето со организми на оладена лава (по ерупција на вулкан). Првичните сукцесии се развиваат паралелно со почвообразувањето, кое е под влијание на рассејувањето на семињата од растенијата.