Џорџ Велшки
Принц Џорџ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Принцот Џорџ во 2019 г. | |||||
Роден(а) | 22 јули 2013 Болница „Сент Мери“, Лондон | ||||
| |||||
Династија | Виндзор | ||||
Татко | Вилијам, Принц од Велс | ||||
Мајка | Катерина, Принцеза од Велс |
Џорџ Велшки (англиски: Prince George of Cambridge); полно име: Џорџ Александар Луис (George Alexander Louis);[б 1] р. 22 јули 2013) — син на британскиот престолонаследник Вилијам, Принцот од Велс и неговата сопруга Катерина, принцезата од Велс, внук на кралот Чарлс III и неговата прва сопруга, покојната Дијана, принцеза од Велс. Принцот Џорџ е втор во редот на престолонаследници по, татко му Вилијам.
Раѓање
[уреди | уреди извор]Принцот е роден на 22 јули 2013 г,[2] во болницата „Сент Мерис“ во Лондон, каде се родени татко му, Принцот Вилијам и чичко му Принцот Хари.
Раѓањето било означено со почесна стрелба во Бермуда,[3] Лондон,[4] Нов Зеланд[5] и Канада;[6]. Покрај ова, во чест на раѓањето е одзѕвонета камбанаријата на Вестминстерската опатија и разни други цркви,[7][8] а во земјите на Комонвелтот се осветлени разни знаменитости во сина боја, за да се означи раѓањето на машко дете.[9][10][11][12][13][14]
Како подарок за новородениот принц е искомпонирана пригодна приспивна песна насловена како Sleep On со музика на велшкиот композитор Пол Мелор и текст на ирскиот композитор Брендам Греам, а во снимена изведба на новозеландската пејачка Хејли Вестенра.[15][16][17]
Со раѓањето на принцот Џорџ се јавува ситуација семејството да има три поколенија на престолонаследници. Вакво нешто последен пат се случило во 1894 и 1901 г, во последните седум години од владеењето на кралицата Викторија.[18]
Принцот ѝ припаѓа на династијата Виндзор, а со тоа по таткова линија и член на династиајта Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Шарлота Велшка — сестра на Џорџ
- Британско кралско семејство
- Наследен редослед на британскиот престол
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Како член на кралско семејство со титула, Џорџ не користи презиме. Доколку тоа се бара, тогаш презимето гласи Маунтбатен-Виндзор (Mountbatten-Windsor).[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Royal Family name“. The Official Website of the British Monarchy. The Royal Household. Посетено на 24 јули 2013.
- ↑ „Royal baby: Kate gives birth to boy“. BBC. 22 јули 2012. Посетено на 22 јули 2013.
- ↑ „Royal Baby Born, Regiment to Fire 21 Gun Salute“. Bernews. 22 јули 2013. Посетено на 22 јули 2013.
- ↑ „Royal Baby: Birth Marked With Gun Salutes“. Sky News. 23 јули 2013. Посетено на 23 јули 2013.
- ↑ Shuttleworth, Kate (23 јули 2013). „Royal baby: NZ marks birth with 21-gun salute“. New Zealand Herald. Посетено на 23 јули 2013.
- ↑ „Special Gun Salute Honours Birth of Royal Baby“, Market Wired, 23 јули 2013, Архивирано од изворникот на 2013-07-28, Посетено на 23 јули 2013
- ↑ „Live: Royal baby welcomed with full peal of bells at Westminster Abbey (video)“, The Telegraph, 23 јули 2013, Посетено на 23 јули 2013
- ↑ „The birth of the new prince“. Bell Board. The Ringing World. Посетено на 24 јули 2013.
- ↑ Magi, Kim (3 јули 2013). „Royal baby: CN Tower to light up pink or blue to honour birth“. Toronto Star. Посетено на 17 јули 2013.
- ↑ „Royal baby: Canada's GG quick to react to 'wonderful' news“. CBC News. 22 јули 2013. Посетено на 23 јули 2013.
- ↑ Waldie, Paul (12 јули 2013). „Around the world, the countdown is on for the royal baby“. The Globe and Mail. Посетено на 17 јули 2013.
- ↑ „Kiwi landmarks to light up for royal baby“. NZ News. 8 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-22. Посетено на 12 јули 2013.
- ↑ Mead, Thomas (11 јули 2013). „Royal baby to light up Chch Airport“. 3 News. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 12 јули 2013.
- ↑ Kate Middleton Gives Birth Royal Baby Boy Lightning Strikes London Eye Daily Mail UK, посет. 23 јули 2013 г
- ↑ Furness, Hannah (7 мај 2013). „Royal Wedding composer writes lullaby for Duke and Duchess of Cambridge's baby“. The Telegraph. Посетено на 21 јули 2013.
- ↑ „Brendan Graham pens song for Prince William & Kate Middleton“. Hot Press. 9 мај 2013. Посетено на 21 јули 2013.
- ↑ „Hayley Westenra / Paul Mealor / Brendan Graham – Sleep On (Gift for Royal Baby) (Lyric Video)“. YouTube. Посетено на 21 јули 2013.
- ↑ Saul, Heather (22 јули 2013). „Royal baby: Three heirs to the throne in line for first time – and the fact it's a boy avoids gender issue“. The Independent. Посетено на 23 јули 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Принц Џорџ од Корнвол и Кембриџ“ на Ризницата ? |
- „Кејт и принцот Вилијам добија син“. Дневник. 2013-07-23. Посетено на 2013-07-25.[мртва врска]
|