Криви Камен
Криви Камен | |
Координати 42°10′48″N 22°8′24″E / 42.18000° СГШ; 22.14000° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Ранковце |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1316 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15024 |
Криви Камен на општинската карта Атарот на Криви Камен во рамките на општината | |
Криви Камен на Ризницата |
Криви Камен — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Ранковце и од општинското средиште Ранковце е оддалечено девет километри. До селото колски пат, кој не е во добра состојба, а селото е слабо поврзано и со околните места.
Најголем дел од атарот на селото се наоѓа под шума.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото добило електрична енергија дури во 1998 година и е последно село што било електрифицирано во рамките на општината.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Врз основа на самиот атар на селото, населението главно се занимава со шумарство и полјоделство.
Во селото нема стопански или услужни објекти.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]
Поради лошите услови во селото, бројот на население цело време забележувал пад, па така во 1961 година броело 237 жители, а според последниот одржан попис во 2002 година имало само 23 жители.[3] Сите жители се Македонци и се изјасниле како православни христијани.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 184 | 220 | 247 | 237 | 193 | 109 | 61 | 47 | 23 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
[уреди | уреди извор]Криви Камен е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се
- Богданови (5 к.) и Завичкови (2 к.) најстари два рода во селото. Богданови се доселени од селото Луке, а Завичкови се доселеници со непознато потекло. Мусини (2 к.) гранка се од родот Богданови. Сурличани (4 к.) доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња. Ѓошини (4 к.) доселени се од селото Герман. Гологлавци (2 к.) гранка се од претходниот род. Витановски (3 к.) и Гардинци (3 к.) доселени се однекаде.[8]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Витановци (5 к.), Чибуци (1 к.), Завичковци (2 к.), Гардинци (2 к.) и Мусинци (1 к.)
- Доселеници: Ѓошинци и Барци (4 к.) доселени се околу 1803 година од селото Луке. Арсо (жив на 62 г. во 1953 година) го знае следното родословие: Никола-Младен-Ѓоше-Алексо, кој се доселил во селото; Сурличанци (5 к.) доселени се околу 1835 година од селото Сурлица во Горна Пчиња (денес во Србија); Богдановци (3 к.) доселени се околу 1850 година од селото Луке.[9]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Петралица, во која покрај Криви Камен се наоѓале и селата Бараклија, Гиновци, Милутинце и Петралица. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован. Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|