Прејди на содржината

Одрено

Координати: 42°9′0″N 22°10′59″E / 42.15000° СГШ; 22.18306° ИГД / 42.15000; 22.18306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Одрено
Одрено во рамките на Македонија
Одрено
Местоположба на Одрено во Македонија
Одрено на карта

Карта

Координати 42°9′0″N 22°10′59″E / 42.15000° СГШ; 22.18306° ИГД / 42.15000; 22.18306
Регион  Североисточен
Општина  Ранковце
Население 87 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15036
Надм. вис. 933 м
Одрено на општинската карта

Атарот на Одрено во рамките на општината
Одрено на Ризницата

Одрено — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Ранковце.

Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948349—    
1953391+12.0%
1961388−0.8%
1971283−27.1%
1981171−39.6%
ГодинаНас.±%
1991156−8.8%
1994140−10.3%
2002131−6.4%
202187−33.6%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]

Според податоците од пописот во 2002 година во Одрено живеат 131 жител сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 87 жители, од кои 83 Македонци и 4 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 344 328 349 391 388 283 171 156 140 131 87
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Трајановци (5 к.), Тошкинци (4 к.), Мацинци (2 к.), Шељавци или Витковци (3 к.), Паневци (1 к.), Саизовци (1 к.), Капланци (1 к.), Павунковци (1 к.), Каловци (1 к.), Вргинци (3 к.), Ѕуринци (8 к.), Ордини или Ординци (2 к.), Сурлинци и Лукар (6 к.), Баба Великини (3 к.) и Чуминци (1 к.)
  • Со непознато потекло: Луларци (2 к.), Дрневци (1 к.) и Маџирци (1 к.).[9]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Одрено се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнци, Гулинци, Лубинци, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[10]
  • Градиште — градиште од доцноантичкото време;
  • Селиште — населба од доцноантичкото време; и
  • Чукарче — населба од доцноантичкото време.
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  10. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 194. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]