Пилорик
Пилорик Πενταπλάτανος | |
---|---|
Старата македонска црква „Св. Атанасиј“ | |
Координати: 40°49.8′N 22°25.9′E / 40.8300° СГШ; 22.4317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Пазар |
Надм. вис. | 140 м |
Население (проц. за 2019 г.[1]) | |
• Вкупно | 1.015 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пилорик (грчки: Πενταπλάτανος, Пендаплатанос, книжевно: Πενταπλάτανον, Пендаплатанон; до 1927 г. Πυλωρίκ, Пилорик[2], до 1954 г. Πηλορύγι, Пилориги[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Според проценка од 2019 г. местото брои околу 1.015 жители.[1] До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои денес се малцинство.[4] Денес не важи за самостојно село, туку се вбројува во градот Пазар како негова населба.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во јужното подножје на планината Пајак, 2 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Поради близината до градот, со време станало негово предградие и добило урбан карактер.
Историја
[уреди | уреди извор]Праисторија
[уреди | уреди извор]Во околината на селските гробишта има праисториска населба, која во 1986 г. е прогласена за културно-историски споменик.[5]
Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Пилорик е забележано како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Пилорики (Πυλωρίκη) било село со 30 христијански семејства.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пилорик броел 166 жители Македонци.[7][8]
По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пилорик (Pilorik) имало 216 Македонци, сите под егзархијата.[7][10] Во селото работела бугарската пропаганда со едно училиште.
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г напишал за селото:
„ | Пилурик, 13 /III, 1 ч. од Радомир. 31 македонски егзархиски куќи: 5 свои, 25 чифлигарски. Сега селаните откупуваат уште 3 куќи со 276 погони земја за 510 лири. Се издржуваат од земјоделство, лозарство и бубарство. Црквата засега затворена, има 20 погони земја, 4 погони дудова градина и 3½ погони лозје. Училиштето (вакуф) е двокатно, долу — подрум, горе — трем и две простории. Училницата е таваносана, добро осветлена, голема 5×6×3 метри. Салонот е отворен.[11] | “ |
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Πιλορίκιον) има 219 егзархисти.[6][12]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото имало 35 македонски христијански куќи.[4][6]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во Првата балканска војна селото е окупирано од грчката војска. Бугарските цркви и училишта се затворени.[13] Истата 1912 година е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 291 лице,[4] од кои 159 мажи и 132 жени.[6] На пописот од 1920 г. Пилорик имал 263 жители.
По 1924 г. властите насилно иселиле 132 жители во Бугарија,[4] (30 семејства во Горен Воден, денес во Асеновград)[14]) и на нивно место довеле грчки. Одземени се 44 имоти на преселените жители.[6] Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано со 252 жители,[4] од кои 180 биле дојденци (45 семејства).[15] Претходната 1927 г. е преименувано во грцизираниот облик Пилориги, а во 1954 г. му е дадено сосем грчкото име Пендаплатанон.[16]
Во 1940 г. Пилорик веќе имал 569 жители поради меѓувремено сместување на дополнителни грчки колонисти. Според статистиката на НОФ, во 1927 г. во селото имало 185 Македонци, 17 Власи, а останатие биле грчки дојденци.[4] Во следните десетлетија населението се зголемило уште повеќе, и наизменично растело и опаѓало, а потоа доживеало и позасилен развој. Пописот 2001 г. е последниот на кој Пилорик се води како самостојно село со 956 лица, за да биде припоен кон Пазар во следното десетлетие. Се претпоставува дека денес има околу 1.015 жители,[1] иако повеќе не се брои посебно.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 569 | 680 | 719 | 620 | 746 | 813 | 956 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Иако има градски карактер поради близината до Пазар, населението сепак се занимава со одгледување на жито и памук, а делумно е застапено и сточарството.[4]
Цркви
[уреди | уреди извор]- „Св. Атанасиј“ од почетокот на XIX век
Личности
[уреди | уреди извор]- Божин Ѓорев (1875 – ?) — борец во Балканските војни од четата на Иван Паљошев[17]
- Димо Ат. Дараданов — деец на Илинденската организација во Несебар[18]
- Јоанис Андраманос (Ιωάννης Ανδραμάνος) — гркомански андартски деец, четник[19]
- Велика Ромова (Πασχαλίνα Ρώμα, Пасхалина Рома, ? - 1904) — гркоманка, андарстски деец од III клас[19], учителка во селото, убиена од ВМРО, ќерка на Антон Касапов, претседател на грчкиот комитет во Пазар[20]
- Трајан (Трае) Иванов (1876 – ?) — борец во Балканските војни[21]
- Христо Атанасов — борец во Балканските војни од четата на Ичко Димитров, Штипска дружина[22]
- Христо А. Митонов (1879 – ?) — борец во Балканските војни од четата на Иван Паљошев[23]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Пилорик на GeoNames
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πυλωρίκ -- Πηλωρύγι
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πηλορύγιον -- Πενταπλάτανον
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 76.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α/Φ17/61673/2300 π.ε./31-1-1986 - ΦΕΚ 34/Β/13-2-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 24 јуни 2018.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 10 јули 2019.
- ↑ 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
- ↑ Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.126.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
- ↑ Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 85.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
- ↑ Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 184
- ↑ Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр.94
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 192.
- ↑ Бабев, Иван. Помним делата ви, НСА Прес, 2013 г., стр.76.
- ↑ 19,0 19,1 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 129. ISBN 978-960-12-1724-6.
- ↑ Бабев, Иван (2013). Помним делата ви. НСА Прес. стр. 201.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 302.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 72. Веројатно истоветен со Христо А. Митонов.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 452.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|