Ново Село (Негушко)
Ново Село Αρχάγγελος | |
---|---|
Координати: 40°41′N 22°15′E / 40.683° СГШ; 22.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Негуш |
Општ. единица | Иринуполи |
Надм. вис. | 12 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 308 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ново Село (познато и како: Мустафа Агово Село или Ени Ќој; грчки: Αρχάγγελος, Архангелос; до 1926 година: Γενή Κιόι, Ениќој[2]; до 1940 година: Βάλτος, Валтос[3]) — село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 18 километри североисточно од градот Негуш и 20 километри југоисточно од Воден, на надморска височина од 12 метри.[4]
Сместено е во Солунското Поле, на 3 километри југозападно од селото Пласничево.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[4]
По Првата светска војна, во 1924 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото Ново Село претставувало мешана населба со 16 бегалски семејства со вкупно 63 жители.[5]
Селото носело неколку имиња во минатото. Така, до 1926 година се нарекувало Ениќој (Γενή Κιόι), а до 1940 година се нарекувало Валтос (Βάλτος)[6], додека после тоа било повторно преименувано во Архангелос (Αρχάγγελος).
Стопанство
[уреди | уреди извор]Бидејќи се наоѓа во полето, селото е многу богато, а обработливите површини, главно се насадени со овошни дрвја, кои даваат високи приноси, а земјиштето целосно се наводнува.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото Ново Село живееле 90 Македонци христијани.[4][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во Ново Село (Novo Selo) имало 90 Македонци.[8]
Во 1913 година било забележано со 118, а во 1920 година со 119 жители, сите Македонци. По 1924 година тука биле населени и 65 бегалски жители, така што селото станало мешана населба, која во 1928 година имала 174 жители, во 1940 година 319, во 1951 година 346, во 1961 година 397, во 1971 година 367, во 1981 година 396, а во 1991 година 378 жители.[4]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 380 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 308 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 319 | 346 | 397 | 367 | 396 | 378 | 380 | 308 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Иринуполи со седиште во селото Вештица Берска, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Горно Жервохор, во кој покрај Ново Село влегуваат и селата Горно Жервохор и Жервохор.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γενή Κιόι - Βάλτος
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βάλτος - Αρχάγγελος
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 37.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
Белешки
[уреди | уреди извор]- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
|