Свети Никола (Негушко)
Свети Никола Άγιος Νικόλαος | |
---|---|
Координати: 40°39′N 22°06′E / 40.650° СГШ; 22.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Негуш |
Општ. единица | Негуш |
Надм. вис. | 290 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 102 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Свети Никола (грчки: Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) — новооснована населба и туристички центар, кое се смета за одделно село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во непосредна близина, на неколку километри западно од градот Негуш, на надморска височина од 290 метри.[2]
Сместено е на реката Арапица, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).
Историја
[уреди | уреди извор]Свети Никола претставува новооснована населба, која за првпат е спомената со пописот од 1991 година.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во населбата, која претставува туристички центар, главно занимање е туризмот.[2]
Население
[уреди | уреди извор]За првпат како посебна населба се спомнува со пописот од 1991 година со 217 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 161 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 213 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | 217 | 161 | 213 | 102 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никола“ од 1912 г.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Негуш, во кој покрај градот Негуш, влегуваат и населбата Станица Негуш, селото Горно Шел, селото Гимново и туристичкиот центар Свети Никола.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31.
|