Теодор I Палеолог
Теодор I Палеолог Θεόδωρος Α Παλαιολόγος | |
---|---|
Деспот на Мореја | |
Фреска од црквата Богородица Одигитрија во Мистрас која го претставува деспотот Теодор I како владетел и монах. | |
Византиски деспот на Мореја | |
На престол | 1383 - 1407 |
Претходник | Димитар I Кантакузин |
Наследник | Теодор II Палеолог |
Роден(а) | 1355 |
Починал(а) | 24 јуни 1407 |
Сопружник | Бартоломео Акцијајоли |
Династија | Палеолози |
Татко | Јован V Палеолог |
Мајка | Елена Кантакузина |
Теодор I Палеолог (грчки: Θεόδωρος Α Παλαιολόγος, Theodōros I Palaiologos, Theodor I Palaiologos, 1355 - 24 јуни 1407 во Цариград) бил византиски деспот на Мореја од 1383 до 1407 година.
Тој бил четвртиот син на византискиот цар Јован V Палеолог и неговата сопруга Елена Кантакузина. Неговиот дедо по мајчина линија бил поранешниот цар Јован VI Кантакузин. Неговите поголеми браќа се царевите Андроник IV и Мануил II.
Во 1376 година Теодор I Палеолог, кој веќе ја имал титулата деспот, добил задача да ја преземе власта во Солун. Пред да ја преземе оваа служба тој бил уапсен и од поголемиот брат заедно со татко му и брат му Мануил донесен во затворот Анемас. Тоа затворање траело во текот на целото управување на Андроник од 1376 до 1379 година. Наскоро по враќањето на престолот на Јован V во Цариград, Мануил повторно му ја дал управата над Солун, а Теодор заминал во Мореја.
Во 1383 година тој пристигнал во Мореја и ја презел власта од Димитар I Кантакузин, синот на Матеј Кантакузин. Тој имал успешни воени походи во 1388 година, а набргу потоа тој го освоил Аргос.
Теодор се оженил во 1384 година за Бартоломео Акцијајоли, ќерка на војводата Нерио I Акцијајоли (1394) од Атина и неговата сопруга Агнес Сарачено. Не е познато дали двајцата имале деца. Непосредно пред неговата смрт Теодор под името „Теодорит“ влегол во монашки ред. Тој починал на 24 јуни 1407 година. Негов наследник станал Теодор II Палеолог (1396 † 1448), малолетниот син на Мануил II.
Некои извори наведуваат дека една ќерка на Теодор била сопруга на Сулејман Челебија, султанот на Едрене во времето на Османлиски интеррегнум.
Литература
[уреди | уреди извор]- Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press, 1991.
- Joseph von Hammer-Purgstall: Geschichte des Osmanischen Reiches. Pest 1827–33, 10 Bände
- Edward Gibbon: The History of the Decline and Fall of the Roman Empire, London, 1. Band 1776, 2./3. Band 1781, 4.-6. Band 1788
- Georgios Sphrantzes; Marios Philippides (Übers.): The Fall of the Byzantine Empire : a chronicle. Amherst : University of Massachusetts Press, 1980.
- Ferdinand Gregorovius Geschichte der Stadt Rom im Mittelalter. 1859–1872. Neuausgabe, 2. Aufl. 4 Bände. Beck, München 1988. ISBN 3-406-07107-4