Прејди на содржината

Димитар I Кантакузин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитар I Кантакузин (грчки: Δημήτριος Καντακουζηνός, Demetrios I Kantakuzenos, околу 1343, помеѓу 1384 и 1420) бил севастократор и византиски деспот на Мореја.

Семејство

[уреди | уреди извор]

Димитар произлегува од византиската царската фамилија Кантакузини и од бугарската царска фамилија Асеневци. Тој бил вториот син на Матеј Кантакузин, деспот на Мореја и неговата сопруга Ирина Палеологина, ќерка на деспот Димитар Палеолог и неговата сопруга Теодора и внука по таткова линија на царот Андроник II Палеолог и Ирина Монфератска. Татко му бил син на димотишкиот цар Јован VI Кантакузин и Ирина Асенина. Со предокот на прабаба му Ирина Монфератска, Димитар I Кантакузин бил роднина на бројни кралски фамилии[1].

Управување

[уреди | уреди извор]

Од 1361 година Димитар I бил прогласен за деспот на Мореја.[2]. Византискиот цар Јован V Палеолог решил во 1381 година да го смени Матеј Кантакузин со својот син Тодор I Палеолог.

Во 1383 година Матеј Кантакузин ја пренесел власта на Димитар и му наредил да ја предаде власта на Палеолозите мирно и спокојно. Димитар се обидел да ја задржи власта за себе, но не успеал. Тодор I Палеолог пристигнал во Мореја и ја зазел власта од Димитар I Кантакузин.

Еден внук на Димитар I, Мануил Кантакузин се обидел да ја преземе власта во Мореја во 1453 година непосредно по падот на Цариград.

Според Foundation for Medieval Genealogy, Byzantium 1261-1453, Димитар I Кантакузин имал две деца:

  • Теодор Кантакузин (* после 1361, † 1410)
  • ? Кантакузин
  1. Ahnentafel von Demetrios I. Kantakuzenos
  2. Donald M. Nicol, The Byzantine Family of Kantakouzenos (Cantacuzenus) ca. 1100-1460: a Genealogical and Prosopographical Study (Washington, DC: Dumbarton Oaks, 1968), p. 158