Јаворјани
Јаворјани Πλατάνη | |
---|---|
Стара куќа во Јаворјани | |
Координати: 40°45.70′N 22°03.00′E / 40.76167° СГШ; 22.05000° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Површина | |
• Вкупна | 11 км2 (4 ми2) |
Надм. вис. | 160 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 401 |
• Густина | 36/км2 (94/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Јаворјани или Јаворени (грчки: Πλατάνη, Платани, до 1926 г. Γιαβόργιαννη, Јаворјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 401 жител (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа 7 км јужно од градот Воден, а атарот му зафаќа 11 км2.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Ова не е многу старо село и се смета дека е основано од жители на Пожарско, Мегленско кои откопувале земјиште и постепено се преселувале[3]
Османлиско време
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век Јаворјани е заведено како чисто македонско село во Воденската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Јаворене (Yavoréné) имало 10 куќи со вкупно 64 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото (Јаворени) имало 66 жители Македонци[3].[6] Селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Јаворани (Yavorani) имало 72 Македонци[4] под патријаршијата.[7]
Потпаѓање под Грција
[уреди | уреди извор]Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 55 жители[3]. Во 1920 г. се евидентирани 128 жители[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Платани,[8] што е буквален превод на македонското име. Во 1928 г. 322 жители
Втора светска и Граѓанска војна
[уреди | уреди извор]За време на Втората светска војна селото било под окупација на Германија и основана е чета на бугарската паравоена организација „Охрана“. Покрај германскиот отпор бугарските четници формираат во селото бугарска општинска власт.[9] Селото значајно настрадало во оваа, како и во Граѓанската војна, но сепак бројноста на населението се одржала.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Денес населението на останува целосно македонско и непроменето.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 379 | 387 | 499 | 453 | 478 | 466 | 465 | 401 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јаворјани, во кој тоа е единствено населено место.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Јаворјани е мошне богато село, чие население се занимава со овоштарство (одгледување на праски, јаболки, и цреши) и производство на жито. Делумно е развиено и сточарството.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαβόργιανη -- Πλατάνη
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 49.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 148.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
|