Јохан Готфрид Пифке
Јохан Готфрид Пифке (германски: Johann Gottfried Piefke; 9 септември 1817 – 25 јануари 1884) — германски диригент, капелмајстор и композитор на воени маршеви, значаен претставник на пруската, а со тоа и германската воена музика.
Роден е во Шверин на Варта во Велекнежевство Позен (денешна Сквјежина, Полска). Во 1850-тите служел како диригент во VIII Пешадиски полк во Берлин, каде воедно и компонирал воена музика. Меѓу неговите познати маршеви се вбројуваат „Пруска слава“ (Preußens Gloria), „Марш на дибелските ровови“ (Düppeler Schanzen-Marsch) и „Кенигрецки марш“ (Königgrätzer Marsch, искомпониран по битка кај Садова (Кениграц) во 1866, решавачкиот судир во Австриско-пруската војна).
Пифке направил и аранжман на симфониската поема „Тасо“ од Франц Лист за воен оркестар, како и аранжмани на други Листови маршеви.
Починал во Франкфурт на Одра. Во септември 2009 во чест на Пифке е поставена „звучна скулптура“ од кортенски челик во местото Генсендорф, кајшто композиторот во 1866 раководел со воен оркестар заедно со брат му Рудолф[1][2]
Одликувања
[уреди | уреди извор]Пифке е одликуван со следниве медали:
- „Дибелски ударнички медал“, 1864
- „Златен медал на австроунгарскиот цар“, 1865
- „Кралски орден на династијата Хоенцолерн“, 1869
- „Железен крст“ II класа, 1870
- „Орден на Пруската круна“, 1880
Занимливости
[уреди | уреди извор]- Кениграцкиот марш бил еден од омилените маршеви на Адолф Хитлер и затоа често се свирел на јавните собири и дефилеа кајшто присуствувал.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Споменик на Пифке“ - Frankfurter Allgemeine Zeitung, 15 септември 2009 (германски)
- ↑ Страница на споменикот на Пифке (германски)
|