Јужен Поларник
Јужен Поларник (Јужен Поларен Круг или Антарктички Круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географска ширина од 66° 33′ 44″ (или 66,5622°) јужно од екваторот.[1][2]
Опис
[уреди | уреди извор]Подрачјето јужно од Јужниот Поларник се нарекува Антарктик, а подрачјето веднаш на север е јужниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на северната полутопка се нарекува Северен Поларник (Арктички Круг).
Секое место јужно од Јужниот Поларник има барем по еден ден во годината со 24-часовна дневна светлина и уште еден со 24-часовна ноќ. Во првиот случај сонцето цел ден не заоѓа, а во вториот цел ден воопшто не изгрева. На поларникот ова се случува точно по еднаш годишно, и тоа во декемврискиот и јунскиот сонцестој. Ова се должи на тоа што Земјината оска е наклонета за 23,5 степени во однос на еклиптиката (рамнината по која Земјата се врти околу сонцето). За време на јужниот зимски сонцестој, јужната полутопка е најмногу навалена наназад и со тоа најдалеку од Сонцето. Подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница. При јужниот летен сонцестој, јужната полутопка е во најголема мера навалена кон Сонцето, па така подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница.
Јавувањето на поларниот ден и ноќ се должи и на неколку други фактори, од кои најважни е атмосферското прекршување на светлината, надморската височина на набљудувачот, привиденијата и фактот дека сонцето е топка, а не точка. Привиденијата на Антарктикот се уште поспектакуларни од оние на Акрктикот. Таков пример е низата од привидни залези и изгреви, додека сонцето сето време е всушност под хоризонтот.
Поларникот полека се поместува поради постепената промена на наклонетоста на Земјината оска.
Места
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Поларник минува низ:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ податок за 2011 г.
- ↑ Повратник во движење[мртва врска] (шпански)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јужен Поларник — официјална страница (англиски)